Рефундирање на средства за набавка на патнички автомобил за лица со попреченост

Вид на услуга/право

Рефундирање на средства за набавка на патнички автомобил за лица со попреченост

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 256 од Законот за социјалната заштита (Закон за социјалната заштита (Службен весник на РСМ, бр. 104 од 23.5.2019 година)   

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1. Барање

2. Наод, оцена и мислење од надлежна комисија за утврдена тешка, потешка и најтешка телесна попреченост, за утврдена умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, за потполно слепило и потполна глувост (или копија од документот заверена на нотар)

3. Царинска декларација (примерок од електронска царинска декларација, потврда за регистрација издадена по извршено увозно царинење) не постари од 18 месеци од денот на подмирување на царинските давачки и акцизи при увоз на патнички автомобил, издадени од царински орган (или копија од документот заверена на нотар)

4. Доказ за платен данок на додадена вредност при набавка на патничкиот автомобил, или фактура за набавка на возило во државата

5. Доказ од овластена компанија за вградена специјализирана опрема (за возила со купопродажна вредност над 10.000 евра во денарска противвредност, но не повеќе од 20.000 евра во денарска противвредност)

6. Потврда за остварени приходи за претходната година

7. Наод и мислење за друг член на семејството со попреченост (или копија од документот заверена на нотар)

8. Потврда за редовен студент (доколку лицето е студент)

9. Потврда за заснован работен однос (доколку лицето е во работен однос)

10. Потврда за регистриран активен барател на работа (доколку лицето е невработено лице).

Обрасци 

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Меснонадлежен центар за социјална работа

Законски рок за постапување

тековно

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

Одговорен 

Министерство за труд и социјална политика

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://uslugi.gov.mk/service/refundiranje-na-sredstva-za-nabavka-na-patnichki-avtomobil-za-lica-so-poprechenost-4859

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }