Додаток за домување

 

Вид на услуга/право

Додаток за домување

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 57 од Законот за социјалната заштита (Закон за социјалната заштита 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22), Правилник за начинот на остварување на правото на додаток за домување за лице кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателството, а најмногу до 26-годишна возраст, образецот на барањето и потребната документација, (109/19) 

Правото на додаток за домување се остварува на начин што ќе овозможи:

- закупнина на индивидуален станбен објект или негов дел;

- санација, адаптација и реконструкција на сопствен недвижен имот и

- надомест на трошоци за сместување во студентски дом. 

За остварување на правото на додаток за домување, потребно е лицето:

- претходно да остварило право на сместување во установа за вон-семејна социјална заштита или згрижувачко семејство;

- да е материјално необезбедено и

- да е станбено необезбедено.

Потребни документи за остварување на правото/услугата

- доказ дека не користи стан под закуп во сопственост на Република Северна Македонија;

- важечка лична карта или патна исправа, која се доставува на увид заради докажување на идентитетот и државјанството;

- уверение за остварени приходи од Управата за јавни приходи;

- имотен лист;

- потврда дека не поседува недвижен имот;

- изјава заверена кај нотар, дека не поседува стан или друг недвижен имот, односно дека не отуѓил ваков имот и дека на друг начин не може да го оствари правото на домување;

- доказ дека е поведена постапка за распределба на оставина на оставител, на кој може да се јави како наследник согласно со закон или дека во текот на постапката не се прифатил за наследник;

- документ за исплатена плата, пензија или друго редовно примање во последните три месеци;

- извод од матична книга на родени и венчани;

- потврда за редовно школување;

- договор за сместување во студентски дом и

- договор за закуп.

Документите од став 2 алинеите 1, 3, 4, 5, 8 и 9 на овој член, центарот за социјална работа ги прибавува по службена должност, по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по дадената писмена согласност на подносителот на барањето за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување на правото на додаток за домување за лице кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа, односно и по престанување на старателството, а најмногу до 26-годишна возраст. Документите од став 1 алинеи 2, 6, 7, 10, 11 и 12 на овој член, ги прибавува подносителот на барањето

Обрасци 

Барање за остварување на правото додаток за домување

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Меснонадлежен центар за социјална работа

Законски рок за постапување

60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Министерство за труд и социјална политика

Одговорен 

Меснонадлежен центар за социјална работа

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://mtsp.gov.mk/uslugi-ns_article-pravo-na-socijalno-domuvanje.nspx

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }