Гарантирана минимална помош

 

Вид на услуга/право Гарантирана минимална помош
Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 28 од Законот за социјалната заштита (Закон за социјалната заштита (104/19, 146/19,275/19,302/20,311/20,163/21,294/21, 99/22, 236/22), Правилник за начинот на остварување на правото на гарантирана минимална помош, утврдување на  состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството, определувањето на  носителот  на  правото, образецот на барањето и потребната документација (109/19, 192/20, 23/21, 80/21, 240/21)   

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1.Важечка лична карта на граѓанинот на Република Северна Македонија, лична карта за постојан престој на странец, лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под супсидијарна заштита, која се доставува само на увид за докажување на идентитетот и државјанството;

2. Извод од матичната книга на родените;

3. Извод од матичната книга на венчаните;

4. Извод од матичната книга на умрените;

5. Пресуда за развод на брак;

6. Уверение за остварени годишни приходи;

7. Имотен лист;

8. Потврда дека не поседува имот;

9. Потврда за остварени доход од работа во Република Северна Македонија или странство;

10. Потврда за корисник на пензија остварена во Република Северна Македонија или странство;

11. Пресуда за определена законска издршка;

12. Потврда за поседување регистрирано моторно возило (патничко моторно возило, мотор над 50 cм3, комбе, автобус, камион, комбајн и трактор);

13. Потврда за редовен студент;

14. Договор за изршување на работи во врска со спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија;

15. Договор за давање на земјоделско земјиште на плодоуживање сопственост на Република Северна Македонија;

16. Наод, оцена и мислење од стручна комисија за утврдена неспособност за работа или потврда дека е започната постапка за утврдување на неспособност за работа;

17. Потврда од банка за штеден влог;18. потврда за хартии од вредност од Централен депозитар за хартии од вредност;

19. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за исплата на паричен надоместок по основ на невработеност;

20. Потврда за исплата на воена инвалиднина;

21. Потврда за исплата на цивилна инвалиднина;

22. Потврда за надоместок кој произлегува од активности поврзани со безбедноста и одбраната на Република Северна Македонија;

23. Тужба за законска издршка против близок сродник кој по закон е должен да го издржува, односно полномошно на службено лице во центар за социјална работа за поведување на оваа постапка.

Документите од точките 2, 3, 4, 6, 7, 8, 9, 10, 12, 16, 18, 19 и 21 на овој член, центарот ги прибавува по службена должност по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по претходно дадената писмена согласност на подносителот и другите членови на домаќинството за користење на нивните лични податоци во постапката за остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош и писмена согласност да бидат откриени нивните податоци за депозитите во сите банки и штедилници во Република Северна Македонија.

Документите од точките 1, 5, 11, 13, 14, 15, 17, 20, 22 и 23 на овој член ги прибавуваат подносителот и другите членови на домаќинството при поднесување на барањето и во текот на користење на правото на гарантирана минимална помош.

Обрасци 
Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Меснонадлежен центар за социјална работа

Законски рок за постапување

60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

Одговорен 

Меснонадлежен центар за социјална работа

Такса која се наплатува /
Повеќе информации на следниот линк https://mtsp.gov.mk/uslugi-ns_article-garantirana-minimalna-pomosh.nspx  
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }