Барање за посвојување

 

Вид на услуга/право

Барање за посвојување

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 104 од Законот за семејството (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 80/92, 9/96, 38/04, 33/06, 84/08, 67/10, 156/10, 39/12, 44/12, 38/14, 115/14, 104/15, 150/15 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр.53/21), Правилник за поблиските критериуми и начинот на избор на посвоителот по електронски пат (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 60/12)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

Лицето кое сака да посвои дете, поднесува барање до Комисијата за засновање на повојување при Министерството за труд и социјална политика.

Кон барањето се приложуваат следниве документи:

• Извод од Матичната книга на родените, кој го прибавува Комисијата по службена должност;

• Уверение за државјанство кој го прибавува Комисијата по службена должност;

• Уверение од суд за неосудуваност кој го прибавува Комисијата по службена должност;

• Уверение од суд дека не му е одземено вршењето на родителското право;

 • Уверение од суд дека не му е одземена деловната способност;

• Лекарско уверение на подносителот за здравствената и психофизичката способност да биде родител;

 • Потврда за висината на месечните примања;

 • Уверение од Управата за јавни приходи за материјалната состојба кој го прибавува Комисијата по службена должност;

• Доказ за сопственост на стан, куќа и викендичка;

• Доказ за завршено образование и

• Извод од Матичната книга на венчаните, кога како подносители на барањето се јавуваат брачни другари кој го прибавува Комисијата по службена должност;

Кога подносителот на барањето е лице кое е странски државјанин или е македонски државјанин кој живее и работи во странство, покрај горенаведените документи, кои треба да бидат доставени во оригинал или фотокопија заверена на нотар и судски заверен превод на документите на македонски јазик, треба да достави и:

 • извадоци од законот на земјата на посвоителите што се однесуваат на посвојувањето и други информации и докази за да се обезбедат еднакви или подобри услови за живот и развој на детето и

 • Извештај од соодветна социјална служба за способноста, за подобноста и за мотивите за посвојување, за нивното потекло, за семејната и медицинската историја, за социјалната околина, за причините за посвојување, за можноста за спроведување на меѓународно посвојување, како и за карактеристиките на децата за кои би биле во можност да се грижат.

 Документите не треба да бидат постари од една година и се поднесуваат во оригинал или фотокопија заверена на нотар

Обрасци 

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Комисија за засновање на посвојување и меснонадлежен центар за социјална работа

Законски рок за постапување

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен

Одговорен 

Комисија за засновање на посвојување и меснонадлежен центар за социјална работа

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://mtsp.gov.mk/uslugi-i-prava-ns_article-posvojuvanje-na-dete.nspx
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }