Право на надоместок за помош и нега од друго лице

 

Вид на услуга/право Право на надоместок за помош и нега од друго лице
Законска основа за остварување на услугата/правото

Закон за социјалната заштита ("Службен весник на РСМ", бр.104/2019, 146/2019, 275/2019, 163/2021 ,294/2021, 99/2022 и 236/2022) Правилник за начинот на остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице, образецот на барањето и потребната документација,образецот за дадено мислење од матичниот лекар за потребата од помош и нега од друго лице, начинот на работа на Стручната комисија,составот и начинот на работата на второстепената комисија, начинот на водење евиденција за издадените наоди и формата и содржината на образецот за давање наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице (Сл. весник, бр. 126/2019, 192/2020)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1. Важечка лична карта за државјанин на Република Северна Македонија, дозвола за постојан престој на странецот, важечка лична карта за лице барател на право на азил, лице со статус на признаен бегалец и лице под супсидијарна заштита, се доставува само на увид за докажување на идентитетот и државјанството;

2. Мислење од матичен лекар за потребата од помош и нега од друго лице со Бартелов индекс и

3. Отпусно писмо со специјалистички извештај и/или друга медицинска документација

Обрасци 

Барање, Изјава

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

по барање во ЦСР, по жалба во МТСП

Законски рок за постапување

по барање 30 дена, по жалба 60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

жалба се поднесува во архивата на МТСП, преку ЦСР или електронски

Одговорен 

Меснонадлежен центар за социјална работа; Сектор за социјална заштита

Такса која се наплатува /
Повеќе информации на следниот линк https://mtsp.gov.mk/uslugi-ns_article-paricen-nadomestok-za-pomosh-i-nega.nspx
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }