Надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања

 

Вид на услуга/право

Надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања

Законска основа за остварување на услугата/правото

Правилник за начинот на остварување на правото на надоместок на плата за скратено работно време, образецот на барањето и потребната документација за остварување на правото (Сл. весник, бр. 109/2019)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1. извод од матичната книга на родените за лицето кое што бара да го оствари ова право;

2. извод од матичната книга на родените на детето;

3. решение од работодавачот за користење на правото на скратено работно време согласно закон и

4. решение за заснован работен однос на определено или неопределено работно време на двата родитела, самохран родител или старател.

Потребната документација точките 1 и 2 Центарот за социјална работа ја прибавува по службена должност по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по дадената писмена согласност на подносителот на барањето за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување на правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања.

Потребната документација од став 1 точките 3 и 4 на овој член ја доставува подносителот на барањето за остварување на правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со попреченост и најтешки облици на хронични заболувања.

Обрасци 

Барање, Изјава

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

по барање во ЦСР, по жалба во МТСП

Законски рок за постапување

по барање 30 дена, по жалба 60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

жалба се поднесува во архивата на МТСП, преку ЦСР или електронски

Одговорен 

Меснонадлежен центар за социјална работа; Сектор за социјална заштита

Такса која се наплатува /
Повеќе информации на следниот линк https://mtsp.gov.mk/uslugi-ns_article-nadomestok-na-plata-za-skrateno-rabotno-vreme-poradi-nega-na-telesno-ili-intelektualno-popreceno-det.nspx
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }