Право на траен надоместок

 

Вид на услуга/право Право на траен надоместок
Законска основа за остварување на услугата/правото

Правилник за начинот на остварување на правото на трајниот надоместок за згрижувач, образецот на барањето и потребната документација за остварување на ова право (Сл.весник, бр.109/2019) и Правилник за начинот на остварување на правото на парична помош на родител кој има дете со пореченост, образецот на барањето и потребната документација за остварување на ова право (Сл. весник, бр.109/2019)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

Право на траен надоместок за згрижувач има згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство најмалку петнаесет години, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж, кој е невработен и не користи право на пензија по која било основа.

Потребни документи:

1. Важечка лична карта или патна исправа која се доставува на увид;

2. Извод од матична книга на родените за згрижувачот;

3. Потврда од надлежен центар за социјална работа за периодот на згрижување на лице или дете без родители и родителска грижа;

4. Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, за статус на невработено лице за згрижувачот и

5. Потврда од Фондот на пензискoто и инвалидското осигурување на Северна Македонија дека згрижувачот по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж, не користи пензија.

Потребната документација од точките 2, 3, 4 и 5 центарот за социјална работа ја прибавува по службена должност по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по дадената писмена согласност на подносителот за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување на правото на траен надоместок за згрижувач.

Правото на траен надоместок го остварува родител кој се грижел за детето до неговата 26 годишна возраст, без истото да користи услуга на вон-семејна социјална заштита, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 60 години на живот за жена, односно 62 години на живот за маж.

Потребни документи:

1. Важечка лична карта на граѓанинот на Република Северна Македонија, лична карта за постојан престој на странец, лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под супсидијарна заштита, која се доставува само на увид за докажување на идентитетот и државјанството;

2. Извод од матична книга на родените за родителот;

3. Извод од матична книга на родените за детето;

4. Извод од матична книга на венчаните;

5. Потврда од надлежен суд дека на родителот не му е одземено родителското право над детето;

6. Потврда од Агенцијата за вработување на Северна Македонија, за статус на невработено лице за родителот;

7. Потврда од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија дека родителот, по наполнување на 60 години на живот за жена односно 62 години на живот за маж, не користи право на пензија и

8. Наод, оцена и мислење на стручен орган за видот и степенот на попреченост (решение од надлежен центар за социјална работа за видот и степенот на попреченост во менталниот и телесниот развој).

Документите од точки 2, 3, 4, 5, 6 и 7 на овој член, центарот за социјална работа ги прибавува по службена должност по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по претходно дадената писмена согласност на подносителот за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување и користење на правото на траен надоместок на родител кој што има дете со попреченост. Писмената согласност на подносителот за користење на неговите лични податоци вo постапката за остварување на правото.

Обрасци 

Барање, Изјава

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

по барање во ЦСР, по жалба во МТСП

Законски рок за постапување

по барање 30 дена, по жалба 60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

жалба се поднесува во архивата на МТСП, преку ЦСР или електронски

Одговорен 

Меснонадлежен центар за социјална работа; Сектор за социјална заштита

Такса која се наплатува /
Повеќе информации на следниот линк https://mtsp.gov.mk/uslugi-ns_article-traen-nadomestok.nspx
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }