Еднократна парична помош

Вид на услуга/право

Еднократна парична помош

Законска основа за остварување на услугата/правото

Член 61-65 од Законот за социјалната заштита (Закон за социјалната заштита 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22), Правилник за начинот на остварување на правото на еднократна парична помош, образецот на барањето и потребната документација за остварување на ова право (109/19, 192/20, 240/21)

Потребни документи за остварување на правото/услугата

1. важечка лична карта за државјани на Република Северна Македонија, дозвола за постојан престој на странец, лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под супсидијарна заштита, идентификациони исправа за неевидентирани лица во матичната книга на родени, се доставува само на увид за докажување на идентитетот и државјанството, или поднесено барање за признавање право на азил,

2. извод од матична книга на родените; извод од посебна матична книга на родени (за неевидентриани лица во матична книга на родени)

3. извод од матична книга на венчаните, доколку има склучено брачна заедница;

4. извод од матична книга на умрените или извод од посебна матична книга на умрени за починат член на семејството;

5. потврда за примена нето плата во последните три месеци пред поднесување на барањето;

6. потврда за остварена пензија, за пензионери;

7. потврда од Агенција за вработување на Република Северна Македонија, за невработени членови во семејството;

8. уверение за пријавени или остварени приходи од Управата за јавни приходи;

9.копија на трансакциска сметка.

Документите од точките 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8, од страна на центарот за социјална работа се прибавуваат по службена должност по пат на размена на податоците по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма, по претходно дадената писмена согласност на подносителот/корисникот за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување и користење на правото на еднократна парична помош.

 

Обрасци 

Барање, Изјава

Локација каде се остварува правото/услугата (физичка и/или електронска)

Меснонадлежен центар за социјална работа По исклучок во итни и неодложни случаи министерот може да донесе решение за доделување еднократна парична помош, во тој случај барањето се поднесува во МТСП

Законски рок за постапување

по барање 30 дена, по жалба 60 дена

Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)

Министерство за труд и социјална политика во втор степен Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен (доколку по барањето одлучува Министер)

Одговорен 

Меснонадлежен центар за социјална работа Министерство за труд и социјална политика- Сектор за социјална заштита

Такса која се наплатува

/

Повеќе информации на следниот линк

https://mtsp.gov.mk/uslugi-ns_article-ednokratna-paricna-pomosh-ili-pomosh-vo-natura.nspx

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }