Законска основа за остварување на услугата/правото
|
Член 75 од Законот за социјалната заштита (Закон за социјалната заштита 104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22), Правилник за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги, помош и нега во домот (268/19 и 198/21)
|
Потребни документи за остварување на правото/услугата
|
1.Барање
2. Важечка лична карта за државјанин на Република Северна Македонија, дозвола за постојан престој на странецот, како и за брачен другар, родители, децаи/ или други роднини со кои живее во заедничко домаќинство
3.мислење од матичен лекар за потребата од помош и нега при остварување на основни активности во домот со пополнет образец „Индекс Кац на независност во остварување на активностите од секојдневниот живот
4.отпусно писмо со специјалистички извештај и/или друга медицинска документација и/или наод и мислење за видот и степенот на попреченоста за барателот и неговиот брачен другар, родителите, децата и/или други роднини со кои живее во заедничко домаќинство;
5.изјава дадена пред нотар, или пред службено лице во Центарот дека нема склучено договор за доживотна издршка, односно покренало постапка за раскинување на склучен договор за доживотна издршка.
|
Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)
|
Министерството за труд и социјална политика
|