Март 2023

Промоција на услугите за родово базирано и семејно насилство преку локални настани и учество на жените

Кампањата „Има помош за живот без насилство”  ги промовира услугите што им се на располагање на жените и девојките жртви на семејно и родово базирано насилство.

Оваа кампања е во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија” што го спроведува Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, финансиска поддршка на британската Амбасада во Скопје.

Кампањата започна во јули 2022 година преку настани со жителите на општина Шуто Оризари и кампања на социјалните медиуми, а продолжува со настани во Гостивар, Струмица и Прилеп со особен осврт на ранливи жени.

Во првата фаза од кампањата, беа организирани три настана во општина Шуто Оризари наменети за жените кои живеат во заедницата, за подобро запознавање со сервисите кои се на располагање на жените и девојки жртви на насислтво, препознавање на видовите на насилство, механизмите за заштита и превенција, како и чекорите на пријавување на насилство.

Бесплатна правна помош, поддршка на жртвите на родово базирано и семејно насилство, како и 24-часовна помош за случаи на семејно насилство, се само некои од услугите за кои се дискутираше на средбите во локалната заедница.

Настаните во Шуто Оризари им овозможија на жените и девојките да се запознаат со претставниците на институциите од локалната заедница, и тоа: Центарот за социјални работи, Министерството за внатрешни работи, женските невладини организации кои даваат услуги на жените жртви на насилство, претставнички на Центарот за упатување на жртви од сексуално насилство, давателите на бесплатна правна помош, СОС линиите за поддршка на жртви, училишниот психолог, како и претставниците од верската заедница.

Говорниците ги презентираа услугите, споделуваа искуства, дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат и ги охрабрија присутните да пријавуваат семејно насилство.

Во втората фаза од кампањата која е во тек, предвидени се девет локални настани во три општини – Струмица, Прилеп и Гостивар, кои ќе го следат истиот принцип за промоција на услугите преку разговори со жените на локално ниво и отворање простор да добијат повеќе информации и да поставуваат прашања.

Насилството е кривично дело. Секоја жена и девојка има право на помош, поддршка и заштита.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }