17.07.2025

Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Кисела Вода потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес го потпишаа договорот за грант како дел од Вториот јавен повик за доделување грантови за проширување на капацитетите на установите за згрижување и воспитување деца од предучилишна возраст.

Повеќе

17.07.2025

Лимани: Потпишани шест нови договори со општините за финансирање на инфраструктурни проекти од социјалната и детската заштита

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска потпиша шест нови договори со шест општини кои аплицираа на Вториот јавен повик за изразување интерес за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА, во вредност од 520 милиони денари.

Повеќе

04.07.2025

Лимани: Отвораме инклузивен процес за развој на Национална стратегија за демографска отпорност

Министерството за социјална политика, демографија и млади организираше настан насловен: „Демографски трендови,  предизвици и можни решенија“-Развој на стратешки документи за демографска  отпорност, со кој го отвори инклузивниот процес за справување со негативните демографски трендови. 

Повеќе

04.07.2025

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2025 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 04 Јули 2025 година.

Повеќе

03.07.2025

Министерот Лимани врачи 17 нови договори за грантови во рамки на третиот повик  за развој на социјални услуги на локално ниво 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денес официјално врачи седумнаесет (17) нови договори за грантови за развој на социјални услуги, во рамки на Третиот јавен повик, дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги.

Министерот во своето обраќање до присутните се осврна на заложбите на министерството - да се одговори реално и ефективно на потребите на граѓаните, во нивното место на живеење.

Повеќе

02.07.2025

Лимани и Велковски: Нашата визија за праведно и инклузивно општество ја реализиравме преку конкретни мерки 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и заменик министерот Ѓоко Велковски го презентираа годишниот отчет за работата на Министерството за социјална политика, демографија и млади. 

Во своите излагања посочија дека изминатата година покрај соочувањето со бројни предизвици, се започнале и реализирале конкретни реформи и проекти насочени кон подобрување на животот на сите граѓани, особено на најранливите категории, младите и семејствата.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.