28.02.2025

Сабриу: Младите се силата која може да го трансформира Балканот,  нивната енергија, креативност и ентузијазам се тие кои ја одредуваат сегашноста и  иднината

Државниот секретар на министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу денеска учествуваше на Регионалната конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“ во организација на  ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и партнерите. На настанот присуствуваа покрај високи претставници на меѓународните и граѓанските организации и млади од Западен Балкан.

Повеќе

27.02.2025

Во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2024/2025 година  

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната 2024/2025 година.  

Повеќе

27.02.2025

Лимани: Имплементацијата на ЕУ младинскиот дијалог во нашата држава би претставувал враќање на довербата на младите во институциите 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска присуствуваше на настан во организација на Националниот младински совет на Македонија, на кој се дискутираше за значењето на имплементацијата на ЕУ младинскиот дијалог во Македонија.

Повеќе

26.02.2025

Министерот Лимани се сретна со членови на делегација од Црна Гора – целта на посетата, размена на искуства за вклучувањето на Ромите во општеството 

Министерот за социјална политика демографија и млади, Фатмир Лимани денеска одржа работен состанок со претставници на неколку министерства и граѓански организации од Црна Гора.

Делегацијата од Црна Гора со членови од министерствата за човекови и малцински права, за просторно планирање, урбанизам и државен имот, за внатрешни работи, за здравство, за социјална заштита, семејни прашања и демографија, Совет на Ромите, невладини организации и медиуми се во дводневна посета на земјава во организација на Совет на Европа.

Повеќе

20.02.2025

Лимани: Продолжуваме со промоција на зелени политики, поддршка на социјално-инклузивниот раст и создавање можности за новите генерации 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска учествуваше на завршниот настан на проектот „Градење капацитети кон одржлив развој на човечкиот капитал во Северна Македонија“, реализиран преку соработка со Германското друштво за интернационална соработка - ГИЗ и Зелениот климатски фонд. Проектот имаше за цел  зајакнување на институционалните капацитети и поттикнување на одржлив и инклузивен развој во клучните области: здравство, образование, вработување и социјална политика.

Повеќе

19.02.2025

Лимани: Брзиот развој на индустријата, континуираниот напредок на технологијата и новите услови за работа, ја наметнуваат потребата од ревидирање на листата на опасни занимања

Денеска се одржа презентација на новата листа на опасни занимања/работни места подобни за предвремено пензионирање во согласност со нивото на ризик и предложениот степен на пензија, како дел од проектот Ревизија на листата на опасни занимања кои се квалификувани за предвремено пензионирање со бенефициран работен стаж (БРС).

Повеќе

14.02.2025

Средба Велковски- Фугер : Бездомништвото е предизвик на кој посветено ќе работиме идниот период

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски денеска одржа работна средба со  аташето за социјални работи на Австриската амбасада во Република Северна Македонија, Харалд Фугер.

Повеќе

14.02.2025

Министерот Лимани ги посети корисниците на Дневниот центар за лица со церебрална парализа

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани заедно со дел од неговиот тим го посети Дневниот центар за лица со церебрална парализа -единствен од овој тип во нашата држава кој испорачува третман и дневен престој за деца и лица со церебрална парализа и претставува организациона единица на ЈУ МЦСР на Град Скопје.

Повеќе

13.02.2025

Завршена темелната реконструкција на главната кујна во градинката  „Срничка“, во Општина Аеродром

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски заедно со в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, извршија увид во реконструкцијата на главната кујна во детската градинка „Срничка“, во објектот „Чекорче“.

Повеќе

13.02.2025

Министерот Лимани ги посети корисниците на Македонско Монтесори Здружение-потпишан Управен  договор за социјална услуга и доставени хуманитарни пакети

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска го посети центарот за дневен престој за лица со попреченост - Македонско Монтесори Здружение во Скопје, кое е лиценциран давател на социјалната услуга во заедницата - центар за дневен престој за лица со попреченост со индивидуална работа од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Повеќе

12.02.2025

Лимани: Посветено работиме на унапредување на квалитетот на социјални услуги за сите корисници во нашата држава

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заменик министерот Ѓоко Велковски, државниот секретар Фатмир Сабриу и шефицата на кабинет Флутра Калиси и раководителката на Сектор за ЕУ програми и фондови, Анкица Ивановски денеска одржаа работна средба со клучните експерти од ИПА проектот „Поддршка на системот за обезбедување на квалитет на социјалните услуги“, финансиран од ЕУ (ИПА III-програмски период 2021-2027), а корисник е Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Повеќе

12.02.2025

Градоначалникот на О.Врапчиште наместо да дава несериозни изјави за кривични гонења, да го прочита Законот за заштита на децата

Министерството за социјална политика, демографија и млади остро ги отфрла сите досегашни дадени изјави за медиумите од страна на градоначалникот на Општина Врапчиште, а во насока на вистината и точно информирање на јавноста за состојбите на ЈОУДГ „Пранвера“ Врапчиште го дава следниот демант:

Повеќе

12.02.2025

Прва конститутивна седница на Националното координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област 

Националното координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област (НКТ) денеска ја одржа првата конститутивна седница со која претседаваше министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани.

Повеќе

10.02.2025

Освен грубо кршење на законот градоначалникот на Општина Врапчиште ги прекрши и правата на децата согласно Конвенцијата за правата на децата

Министерството за социјална политика демографија и млади, ги информира жителите на Општина Врапчиште, дека по извршен контролен инспекциски надзор во ЈОУДГ „Пранвера“ Врапчиште утврдено е дека Општина Врапчиште по одземање на ингеренциите на градоначалникот на општината во делот на именување на в.д.  директор на установата и поставување на в.д. директор од страна на министерството, го одзела возилото од предучилишната установа (сопственост на општината)  иако во јуни месец 2021 година го дала на користење на предучилишната установа на неопределено време.

Повеќе

06.02.2025

Средба Лимани-Светска Банка: Резултатите од заедничката работа се видливи-испорака на квалитетни услуги до граѓаните на кои навистина им се потребни 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска одржа работна средба со претставници на Светска Банка, на која се разговараше за активностите поврзани со Проектот за подобрување на социјалните услуги кој се реализира со поддршка на Светска Банка.

Повеќе

05.02.2025

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита 

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Јануари 2025 година.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }