Законска основа за остварување на услугата/правото
|
Член 36 од Закон за заштита на децата (,,Службен весник на РМ“ бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19. 311/20, 294/21, 150/22 и 236/22) член 14 од Правилникот за поблиските услови и начинот на остварување на правата за заштита на децата, како и утврдување на состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството и семејството за правата детски додаток, родителски додаток за дете и додаток за образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 109/19, 116/19, 234/20, 222/21 и 24/22)
|
Потребни документи за остварување на правото/услугата
|
1. Важечка лична карта на мајката – се доставува на увид за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење на мајката од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Република Северна Македонија до денот на раѓањето на детето, а доколку подносител на барањето е таткото се доставува важечка лична карта од мајката на детето на увид за докажување на постојаното место на живеење на мајката, и важечка лична карта на таткото за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Република Северна Македонија до денот на раѓањето на детето;
2. Мајчина книшка на увид за мајката со копија на страници 3, 5 и 7 или потврда од избран лекар- специјалист по гинекологија и акушерство за редот на раѓање на детето/децата, а за посвоено дете потврда дека мајката нема прво/второ живородено дете; и
3. Копија од трансакциска сметка.
|
Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа)
|
Жалбата се поднесува до Министерството за труд и социјална политика (ул. Даме Груев број 14, Скопје) непоредно или преку Центарот за социјална работа. Против решението на Министерството за труд и социјална политика може да се поднесе тужба пред Управен суд. Корисниците се ослободени од плаќање такси пред надлежните органи
|