30.4.2020
МТСП со потсетување за законската обврска: Компаниите да исплатат празнична дневница на работниците што ќе работат на празник
Први мај -Денот на трудот согласно Законот за празниците е државен празник и е неработен ден за сите вработени. Министерството за труд и социјална политика потсетува дека работниците кои работат на ден на празник определен со закон, согласно Законот за работните односи, имаат право на надоместок на плата и додаток на плата
Повеќе
30.4.2020
МТСП: Се грижиме за сите, се олеснува пристапот до права од социјална заштита
Министерството за труд и социјална политика постојано го прилагодува системот на социјална заштита за да им помогне на најранливите граѓани во исклучителните околности предизвикани од глобалната пандемија што има силно влијание врз економските активности. Сериозните закани бараат континуиран одговор за да ги пресретнеме потребите на граѓаните и да им помогнеме полесно да се справат со предизвиците.
Повеќе
28.04.2020
Светски ден на безбедност и здравје при работа - Да ја запреме пандемијата: Безбедноста и здравјето при работа можат да спасат животи!
Оваа 2020 година, Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа – 28 април, го одбележуваме во услови на глобална здравствена криза предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус COVID-19. Во ова, за сите нас мошне тешко и комплицирано време кога се соочуваме со сериозна опасност по нашето здравје и живот, како кај нас така и буквално низ целиот свет, владите во сите држави, работниците и работодавачите се изложени пред огромни и неочекувани предизвици, обидувајќи се на најсоодветен начин да се заштитат и да се справат со заканата од ширењето на вирусот и последиците од заболувањето. Заштитата на здравјето на работниците и на населението во целост, во овој период е нашиот врвен и главен заеднички приоритет.
Повеќе
26.4.2020
МТСП: Придржувајте се до распоредот за исплата на пензиите на шалтерите на банките
Министерството за труд и социјална политика апелира до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплата на пензиите на шалтерите на банките. Само со одговорно однесување на секој пензионер може да го заштитиме личното и јавното здравје. Почитувањето на препораките за носење лична заштитна опрема на лицето и држење растојание од најмалку два метра додека чекате во ред пред или внатре во банките, е во интерес на сите нас.
Повеќе
23.04.2020
Над 320 илјади пензионери ќе добијат пензија една недела порано, исплатата ќе се врши етапно
Исплатата на априлските пензии почнува од утре. За да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19, пензиите ќе бидат исплатени предвреме, а подигнувањето во експозитурите на банките ќе се реализира во четири групи. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, дотолку повеќе што пензионерите како возрасна група се најранливи.
Повеќе
22.04.2020
Нова телефонска линија за поддршка на родителите и старателите
Телефонската линија за помош на родителите 075/230-530 ќе биде отворена секој ден од 15:00 до 20:00 часот, вклучувајќи ги и викендите
Во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, со финансиска поддршка од Австриската агенција за развој, денес УНИЦЕФ ја пушти во употреба бесплатната телефонска линија за помош, поддршка и советување на родителите и старателите за подигање на децата во сигурна и грижлива семејна средина.
Повеќе
17.04.2020
Пријавете семејно насилство, институциите постапуваат, сервисите за заштита и поддршка се функционални
Во состојби на стрес и домашна изолација насилството може дополнително да ескалира. МТСП ја зголеми достапноста на сервисите за жртвите од насилство низ земјата. Потенцијалните жртви можат да се обратат за помош во центрите за социјална работа и воспоставените сервиси
Повеќе
14.4.2020
МТСП: Едукативни материјали, игри и активности за деца од 3 до 6 години на платформата ЕДУИНО
Делот за предучилишно образование на платформата за е-учење ЕДУИНО е во функција. Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ и останатите партнери подготвија национална платформа за е-учење и игра наречена ЕДУИНО.
Повеќе
12.04.2020
Лицата со попреченост не треба да вадат дозвола за движење, со себе да носат наод
На актуелни прашања за социјалните мерки што ги донесе Владата на Република Северна Македонија, во рамки на серијата информативни видеосесии „КОВИД-19, прашања и одговори“, вчера одговараа заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка, Санела Шкријељ.
Повеќе
11.04.2020
Работниците да не потпишуваат спогодбен отказ од работа за да можат да користат парична помош во случај на невработеност
Серијата информативни видеосесии со наслов „КОВИД-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелни прашања поврзани со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 во земјата, денеска продолжи со прашања и одговори за социјалните мерки што ги донесе Владата на Република Северна Македонија.
Повеќе
8.04.2020
МТСП: Домаќинствата без приходи да поднесат барање за гарантирана минимална помош во центрите за социјална работа
Министерството за труд и социјална политика ги информира домаќинствата кои останале без приходи или биле дел од неформалната економија за правото на гарантирана минимална помош (ГМП). Со цел олеснување на последиците од здравствено-економската криза, со Уредба со законска сила за примена на Законот за социјалната заштита за време на вонредна состојба, овозможен е брз пристап во системот на социјална заштита.
Повеќе
8.04.2020
МТСП: Видувањата на децата со родителите да се одржуваат во договор меѓу двајцата родители, грижата за здравјето на децата да биде приоритет
Министерството за труд и социјална политика, во врска со начинот на одржување на контактите на децата со родителите со кои не живеат, во услови на пандемија од корона вирусот, потсетува дека согласно со Законот за семејството, родителското право го вршат родителите заедно, во согласност со потребите и интересите на децата и интересите на општествената заедница.
Повеќе
7.04.2020
Лицата со попреченост и старите лица во 27 општини ќе добијат асистенција за полесно справување со кризата
Министерството за труд и социјална политика, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) реализира услуги за поддршка на лица со попреченост и други ранливи категории во услови на КОВИД 19.
Повеќе
7.04.2020
МТСП: Паричен надоместок за прекин на работен однос, согласно работниот стаж , преку Агенцијата за вработување
Информации за мерка 4
Министерството за труд и социјална политика информира дека граѓаните со прекин на работен однос, имаат право на паричен надоместок во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци. Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос.
Повеќе
6.04.2020
МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека се врши исплата на правата од социјална и детска заштита за месец март 2020 година
Повеќе
5.04.2020
МТСП: Породилното отсуство се продолжува до истекот на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19
Министерството за труд и социјална политика информира дека се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено и посвоено дете се до истекот на траење на времените мерки. Со уредба со законска сила на Законот за работни односи што ја донесе Владата, отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19.
Повеќе
3.04.2020
Бајрактар и Шкријељ: Овозможуваме брз влез во системот на социјална заштита за домаќинствата кои останале без приходи
Лицата кои останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита. Eдна од клучните мерки во вториот сет мерки за олеснување на последиците од кризата предизвикана од КОВИД-19 е олеснетиот пристап до парична помош на лицата и семејствата на кои таа им е најпотребна. Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ ги објаснија прилагодувањата на системот на социјална и детска заштита укажувајќи дека секој граѓанин треба да знае дека никој не е заборавен.
Повеќе