28.12.2020
Шахпаска: Со Договорот за грант за изградба на градинка, Општина Битола го проширува капацитетот за 152 деца, а во тек е изградба на 15 нови градинки за 1900 деца
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска потпиша Договор за грант со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, согласно проектот за изградба на нови, надградба или адаптација на постоечките објекти за згрижување и воспитување на деца на предучилишна возраст во општините.
Повеќе
28.12.2020
МТСП: Од денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии
Oд денеска 28.12.2020 година, (понеделник) почнува етапната исплата на декемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Повеќе
25.12.2020
Шахпаска: Новата градинка во Општина Чаир ќе има капацитет од 350 деца и е најголема во државата
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на започнувањето со градба на новиот објект „Бамби“ при детската градинка „Фидани“, во Општина Чаир.
Повеќе
24.12.2020
Министерката Шахпаска во посета на СОС Детско село: Грижата за најмладите, особено децата без родители и родителска грижа е еден од нашите приоритети
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска беше во посета на СОС Детското село во Скопје, каде што се сретна и разговараше со лицата кои ја менаџираат работата во Детското село, згрижувачите кои во улога на родители пружаат 24 часовна грижа и со дел од децата кои живеат во него.
Повеќе
23.12.2020
Министрите Спасовски и Шахпаска на предновогодишно дружење со децата од Јавната установа за згрижување деца во социјален ризик
Претставници на децата од Јавната установа за згрижување деца во социјален ризик денеска предновогодишно се дружеа со министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Оливер Спасовски и Јагода Шахпаска, како и со претставници на Одделот за специјални полициски операции (ОСПО).
Повеќе
23.12.2020
Средба на министерката Шахпаска со новиот француски амбасадор Бомгартнер: Поддршката што Франција ни ја дава во градењето на еднакво општество е непроценлива, ќе ја продлабочиме соработката во делот на социјалната политика и трудот
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер. Министерката Шахпаска му посака добредојде на амбасадорот Бомгартнер во земјава и изрази надеж дека и во наредниот период ќе продолжи успешната соработка меѓу двете земји.
Повеќе
22.12.2020
Министерката Шахпаска на конференција „Социо - економско влијание од КОВИД-19 во Северна Македонија“: Зачувување на секое работно место и заштита на најранливите категории на граѓани се наш врвен приоритет
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на конференцијата „Социо - економско влијание од КОВИД-19 во Северна Македонија“– научени лекции и препораки за успешна и одржлива обнова” организирана од Агенциите на ОН претставувани од Канцеларијата на Постојаниот координатор на ОН во Северна Македонија и Фајнанс Тинк.
Повеќе
21.12.2020
МТСП: Првата мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна” достапна за сите
Министерството за труд и социјална политика заедно со UNDP ја креираа првата мобилна апликација за помош и поддршка на жртвите на насилство ,,Биди безбедна”, достапна на три јазици: македонски, албански и ромски.
Повеќе
18.12.2020
Премиерот Заев и министерката Шахпаска отворија нова градинка во Ресен: Градинката „Јаболче“ е пример за концептот „Едно општество за сите“
Претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, заедно со градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, денеска ја отворија новата градинка „Јаболче".
Повеќе
17.12.2020
Шахпаска: Законот за спречување и заштита од дискриминација во дискриминаторските основи ги вклучува и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, за нас сите граѓани се еднакви
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на онлајн настан како дел од завршната конференција во рамки на проектот „Сексуална ориентација и родов идентитет (СОРИ) - Заштита од дискриминација“, во организација на Институтот за човекови права.
Повеќе
15.12.2020
Министерката Шахпаска на седницата на ЕСС: Недела треба да биде неработен ден за доминантниот број на работници, но виталните функции на државата не смеат да се ограничат
Економско-социјалниот совет на денешната седница, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, дискутираше за драфт верзијата на измените на Законот за работни односи, кои предвидуваат денот недела да биде неработен ден.
Повеќе
15.12.2020
Министерката Шахпаска на онлајн панел дискусија на „РЕДИ Самит“, за економските ефекти од КОВИД 19 врз ромските заедници во Северна Македонија
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на оналјн панел дискусија на тема "Перспективи и предизвици за економско вклучување на Ромите во С.Македонија" како дел од првото издание на РЕДИ самитот во организација на Иницијативата за Економски развој на Ромите – РЕДИ.
Повеќе
15.12.2020
Шахпаска: Ги повикувам пратениците да реагираат брзо и да го донесат Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство без одлагање бидејќи тој е главна алатка на државата во справување со насилството
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на денешната седница на Комисијата за еднакви можности во Собранието на Република Северна Македонија, ја презентираше потребата од донесување на Предлог законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.
Повеќе
10.12.2020
Министерката Шахпаска: Ја развиваме социјалната економија затоа што ја поттикнува не само економската активност, туку и солидарноста и инклузијата
„Современото живеење и глобализацијата носат многу сериозни предизвици и затоа социјалната економија и нејзиниот потенцијал во надминувањето на проблемите со сиромаштија, нееднаквост, невработеност и инклузија, добиваат се поголемо значење. Како Влада и како Министерство за труд и социјална политика ги препознаваме капацитетите на социјалната економија како поттикнувач не само на економската активност, туку и на солидарноста и инклузијата“, порача министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, на онлајн конференцијата по повод 70 години од основањето на Економскиот факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Повеќе
10.12.2020
Шахпаска: Децата во Лозово добиваат исти услови како децата во големите градови, новата градинка ќе згрижи 32 деца, за нас сите се еднакви
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворањето на новата детска градинка „Срцко“ во Општина Лозово. Таа изрази големо задоволство што токму на Светскиот ден на човековите права, 10 декември, отворањето на новата градинка е во знак на почитување и вреднување на еднаквоста на сите граѓани во нашата држава, вклучително и децата.
Повеќе
09.12.2020
Министерката Шахпаска оствари средба со директорката на Фондот за ПИОМ Јовановска: Стабилен пензиски систем е приоритет за Владата
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше средба со в.д. директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија Билјана Јовановска, на која беше разговарано за потребата од постојана соработка меѓу двете институции како предуслов за функционален и стабилен пензиски систем.
Повеќе
07.12.2020
Шахпаска: Општина Брвеница ја доби првата детска градинка која ќе згрижи 65 деца, инвестиција на МТСП во вредност од 22 милиони денари
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворање на првата детска градинка „Сонце - Диели“ во населеното место Брвеница, Општина Брвеница.
Повеќе
07.12.2020
Заменик министерот, Енвер Хусејин на онлајн конференција посветена на потребите, предизвиците и ризиците на маргинализираните групи од руралните средини погодени од корона кризата
Заменик министерот на Министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин денеска присуствуваше на ЗУМ конференцијата на која беше промовирана “Анализата за потребите, предизвиците и ризиците на маргинализираните групи од руралните средини погодени од корона кризата”.
Повеќе
05.12.2020
Шахпаска: Новата градинка „Прв Чекор“ во Миладиновци, ќе згрижи 75 деца, за нас секое дете е важно
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворањето на новиот објект „Прв Чекор“ на детската градинка „Гоце Делчев“, во населеното место Миладиновци, општина Илинден.
Повеќе
04.12.2020
Шахпаска: Деинституционализација е вклучување на лицата со попреченост во секојдневното општествено живеење согласно нивните способности
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска беше во посета на групните домови и Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост во Скопје, раководени од лиценцираниот давател на социјални услуги - граѓанското здружение „Порака-Неготино“.
Повеќе
04.12.2020
МТСП: Онлајн обуките за воспитувачи придонесуваат во подигнувањето на квалитететот на предучилишното образование
Како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, Министерството за труд и социјална политика започна со реализацијата на серија онлајн работилници наменети за зајакнување на компетенциите на практичарите во системот на предучилишно образование.
Повеќе
03.12.2020
Шахпаска: Отворањето на РЕХА Центарот во Струмица е пример за вистинска инклузија на лицата со попреченост на пазарот на трудот и општеството
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворањето на првиот Центар за работно – ориентирана рехабилитација за лица со попреченост во Струмица, чие отворање е поддржано од Швајцарската агенција за развој и соработка во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).
Повеќе
02.12.2020
Средба на министерката Шахпаска со Организација на работодавачи на Македонија
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија и неговите соработници.
Повеќе
02.12.2020
Шахпаска во посета на шелтер центар: Ниту еден човек, ниту една жена, не смее да биде предмет на насилство, новото законско решение ја зајакнува превенцијата и постапувањето на институциите
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денска беше во посета на еден од шелтер центрите за сместување и психо-социјална подршка на жени жртви на насилство и семејно насилство.
Повеќе
02.12.2020
МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре, 3 декември 2020 година (четврток) започнува исплатата на Гарантираната минимална помош- ГМП, за месец ноември 2020 година.
Повеќе
01.12.2020
Средба на министерката Шахпаска со претставници од Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со дел од претставниците на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија, која како платформа за развивање дијалог и отворање на прашања поврзани со Пристапните преговори отвора можност за учествуво на поширок круг граѓани, стручни во определена област кои учествуваат во реформите потребни за имплементација на европската легислатива.
Повеќе