28.11.2020
Соопштение за стапување на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање за PM10 честички во Тетово, Куманово и Кавадарци
Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека прагот на алармирање за PM10 (надминување на вредноста од 175 mg/m3 во текот на два последователни денови) дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година), е надминат на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци.
Повеќе
27.11.2020
Шахпаска на средба со „Гласен текстилец“: Почитувањето на работничките права се наш приоритет, ги повикувам работниците да го пријават секое прекршување
Почитување и унапредување на правата на работниците, како и усвојување на целосно нов и усогласен закон за работни односи кој ќе ги одразува потребите и на работниците и на работодавачите се дел од најважните приоритети за Министерството за труд и социјална политика, порача министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната средба со Кристина Ампева, претставник на Здружението „Гласен текстилец“.
Повеќе
27.11.2020
Шахпаска: Грижата за сите значи еднакви можности и услови за сите граѓани, социјалната реформа дава резултати
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска беше во посета на Центарот за социјална работа и Дневниот центар за лица со интелектуална или телесна попреченост во Штип.
Повеќе
27.11.2020
Шахпаска: Сензорните соби се инструмент за подобар развој на сетилата кај децата со пречки во развој, за нас сите деца се важни
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска ја посетија детската градинка „Кочо Рацин“, во чиј склоп се наоѓа сензорна соба наменета за деца со интелектуална попреченост и потешкотии во развој.
Повеќе
26.11.2020
Шахпаска на средба со директорите на градинките: Ако ги почитуваме мерките за заштита од КОВИД 19, обезбедуваме безбедни градинки и за вработените и за децата
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со директорите на детските градинки, на која се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат во време на пандемија, важноста од строгото почитување на Протоколот за превенција и заштита од ширење на вирусот како основен заштитен механизам и други прашања важни за непречено функционирање на детските градинки.
Повеќе
26.11.2020
Средба на Шахпаска со претставници од здружението „Инклузива“: Заложбите за поголема инклузија на лицата попреченост се преточуваат во конкретни проекти и програми
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставниците од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово.
Повеќе
26.11.2020
МТСП: Од денеска почнува етапната исплата на ноемвриските пензии
Oд денеска 26.11.2020 година (четврток) почнува етапната исплата на ноемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Повеќе
25.11.2020
Шахпаска: Зачувување на работните места, помош за ранливите категории граѓани и одржување на функцонирањето на компаниите е клучно за премостувањето на кризата од КОВИД 19
„Раст на Гарантираната минимална помош за 300%, раст на минималната и просечната плата, стабилизација на пензискиот систем, воведување на социјалната реформа која значи и социјални услуги и воведување на социјална сигурност односно социјална пензија за граѓаните кои немаат доволен број на години стаж е она што го работеше оваа Влада и претходниот мандат и продолжува и во тековниот“ истакна министерката Шахпаска во гостувањето во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар од Штип.
Повеќе
25.11.2020
Шахпаска: Пратениците да реагираат брзо и да го донесат законот без одлагање, тој претставува главна алатка на државата во справување со насилството врз жените и семејното насилство
Министерката Шахпаска, на денешната седница на Комисијата за Европски прашања во Собранието на Република Северна Македонија, ја истакна потребата од носење на Предлог законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство кој беше разгледуван во прво читање.
Повеќе
25.11.2020
Шахпаска на онлајн настан по повод 25 ноември – Меѓународниот ден против насилство врз жените: Сите ние, не 16 туку 365 дена да работиме на прашањето на насилството, родово-базираното и семејното насилство
Во организација на Министерството за труд и социјална политика, а по повод одбележување на Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените - 25 ноември денеска се оддржа онлајн настан насловен „Нулта Толеранција за насилството врз жените и семејното насилство“.
Повеќе
24.11.2020
Шахпаска го претстави Граѓанскиот буџет за 2021 година: Помош за најранливите категории граѓани, изградба на градинки, поддршка на активни мерки за вработување, редовни и навремени пензии се приоритетите на Министерството и следната година
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска на прес-конференција на Владата го презентираше Предлог-буџетот за 2021 година на Министерството за труд и социјална политика.
Повеќе
20.11.2020
Шахпаска: Продолжуваме со заложбите, лицата со попреченост да бидат вклучени во општествениот живот на еднакви основи со останатите граѓани
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставниците на Полио Плус –движење против хендикеп.
Повеќе
20.11.2020
Обраќање на министерката Шахпаска по повод 20 ноември – Светскиот ден на детето
Денес е Светскиот ден на детето! Одбележуваме точно 31 година од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето од Обединетите Нации. Точно 31 година трае борбата за заштита и унапредување на детските права.
Повеќе
19.11.2020
Шахпаска: Продолжуваме со имплементирање на проектите кои се препознатливи во Ромската заедница и се во насока на нивна целосна инклузија
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на Деветата Работна средба посветена на вклучувањето на Ромите и Ромите бегалци, насловена: „Технички дигитален состанок за спроведување на заклучоците за семинарот за Роми 2019 година “, во рамки на подкомитетот за Правда и Внатрешни работи.
Повеќе
19.11.2020
Средба на министерката Шахпаска со директорот на АВРСМ, Демири: Одличната соработка меѓу двете институции продолжува, испорачувањето на резултати кон граѓаните на кои им е потребна поддршка е заеднички клучен приоритет
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Абдуш Демири и неговите соработници.
Повеќе
18.11.2020
Шахпаска: Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на правата и услугите за лицата со попреченост
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници од Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија.
Повеќе
18.11.2020
Средба на Министерката Шахпаска и заменик министерот Хусејин со претставници од УНХЦР
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и заменик министерот Енвер Хусејин денес остварија средба со претставникот на УНХЦР за Република Северна Македонија, Моника Сандри и нејзини соработници.
Повеќе
18.11.2020
Шахпаска: Социјалните услуги ги приближуваме до граѓаните, потпишани нови 10 Договори за грант со општините
„Како Влада и Министерство продолжуваме во изградбата на концептот едно општество за сите, кое значи праведно, солидарно општество, кое што создава услови за учество на сите граѓани на еднакви основи, да учествуваат во општествениот живот. Денес продолжуваме со потпишување на дополнителни десет договори, вклучително и руралните општини. Тоа се општините Чучер Сандево и Бутел со еден договор, Јегуновце, Теарце и Желино исто така во еден договор, потоа Крива Паланка, Кичево, Македонски Брод, Центар Жупа, Струга, Демир Хисар, Кавадарци и Струмица“, изјави министерката Шахпаска по повод потпишувањето на Договорите за грант за развој на социјалните услуги со општините.
Повеќе
18.11.2020
Шахпаска: Социјалните претпријатија обезбедуваат интеграција, намалување на сиромаштијата и на невработеноста кај ранливите категории на граѓани
„Социјалните претпријатија преку економските активности се исклучително важни за поддршка на најранливите категории на граѓани, кои немаат пристап до домување, образование, социјални услуги, кои се исклучени од пазарот на труд, без достоинствен живот и се соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост. Тие им овозможуваат пристап до работни места, интеграција и реинтеграција во заедницата, градење на самодоверба, развој и вклученост во заедницата“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната Јавната расправа на тема: Националната стратегија за развој на социјалните претпријатија во Република Северна Македонија.
Повеќе
17.11.2020
Шахпаска: Наша задача и заложба е обезбедување на подобри услови за живот на секој граѓанин, а особено на ранливите категории како што се лицата со попреченост
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Здружението на лица со посебни потреби „СОС ВИТА“, од Скопје на која разговараа за постоечките решенија и подршка на лицата со попреченост во нашето општество, но и унапредување на нивните права и услови со цел поголема вклученост во општественото живеење.
Повеќе
16.11.2020
Министерката Шахпаска учествуваше на онлајн состанок со претставници на Мисијата на ММФ
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на онлајн состанок со претставници на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, на која главни теми на разговор беа активните политики на пазарот за труд, невработеноста, минималната плата и пензискиот систем.
Повеќе
16.11.2020
Шахпаска: Добрата соработка со Руската федерација продолжува во сите сегменти кои се од надлежност на Министерството за труд и социјална политика
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Сергеј Баздникин.
Повеќе
16.11.2020
Шахпаска: Продолжува поддршката од ИПА фондовите за спроведување на реформи во областа на вработувањето и социјалните политики
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на видео конференција на секторската работна група „Образование, вработувања и социјалните политики и Интеграција на Ромите“, на која учество земаа и министерката за образование Мила Царовска, Никола Бертолини, шеф на одделот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје, претставници од донаторската заедница и граѓанскиот сектор.
Повеќе
14.11.2020
Шахпаска: Кондово ја доби својата прва градинка која ќе згрижи 80 деца, раниот детски развој е наш приоритет
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворање на новиот објект „Фљутура“ на детската градинка „Филизи“, прва градинка во населеното место Кондово, Општина Сарај.
Повеќе
13.11.2020
Економско –социјалниот совет дебатираше за одлуката недела да биде неработен ден
За одлуката недела да биде неработен ден и како таа да се преточи во законско решение денеска разговараше Економско –социјалниот совет со кој претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.
Повеќе
13.11.2020
Шахпаска: Продолжуваме со процесот на деинституционализација, ги унапредуваме социјалните услуги и одличната соработка со Општина Демир Капија
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров на која што разговараа за тековните и идни планови на општината и меѓусебната соработка со Министерството за труд и социјална политика.
Повеќе
13.11.2020
Покана - јавна дискусија за Стратегија за Социјални Претпријатија
Почитувани, Министерството за труд и социјална политика ја поканува заинтересираната јавност на јавна дискусија за нацрт- верзијата на првата Национална стратегија за социјалните претпријатија, што ќе се одржи на 18.11.2020 година (среда), со почеток во 10:00 часот. Поради состојбата со Ковид-19 и предвидените мерки за заштита, дискусијата ќе се одвива онлајн, на платформата ЗУМ.
Повеќе
12.11.2020
Шахпаска на "Вин Вин" на Телма телевизија: Со новото законско решение недела-неработен ден, не би се загрозило функционирањето на општеството и ќе има исклучоци за оние дејности кои се неопходни
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на емисијата "Вин Вин" на Телевизија Телма, зборуваше за актуелни теми значајни за граѓаните, како олеснетиот пристап до Гарантирана минимална помош, детскиот и образовниот додаток, измените во законот за работни односи, но и не помалку значајните Закон за спречување и заштита од дискриминација и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.
Повеќе
12.11.2020
Министерката Шахпаска одржа координативен состанок со претставници од Сојузот на стопански комори за предлогот недела – неработен ден
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска учествуваа на зум состанок со претставници на Сојузот на Стопанската комора на Македонија и претставници од Министерството за економија, на кој се разговараше за сите аспекти од новото законско решение за недела да биде неработен ден, иницијатива прифатена од страна на Владата на Република Северна Македонија.
Повеќе
12.11.2020
Шахпаска: Социјалното партнерство и постоењето на социјален дијалог е од огромно значење, затоа што тоа води до изнаоѓање на издржани решенија
Министерската за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.
Повеќе
12.11.2020
Шахпаска на "Економски магазин"-Алсат ТВ: Буџетот за 2021 година е насочен кон продолжување на социјалната реформа, грижата за најмладите, намалување на невработеноста и намалување на сиромаштијата
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на гостувањето во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат зборуваше за сите актуелни прашања кои ги засегаат граѓаните, а се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.
Повеќе
11.11.2020
Шахпаска: Нулта толеранција за насилство врз жените и семејното насилство е наш главен приоритет, очекуваме ова законско решение да биде поддржано и од пратениците
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска пред Министерството за труд и социјалана политика оддржа прес конференција на која ја посочи важноста на Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, усвоен од Владата на Република Северна Македонија со што се обезбедува сеопфатен пристап и координиран мултидисциплинарен одговор во справувањето со овој тип на насилство во согласност со меѓународните стандарди.
Повеќе
11.11.2020
Шахпска: Како Министерство силно се залагаме за спас на секое работно место и поддршка на компаниите, вклучително и туризмот како најзагрозена гранка
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.
Повеќе
06.11.2020
МТСП: Исплата на правата од социјална заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека од 06.11.2020 година (петок) започнува исплатата на правата од социјална заштита за месец 10.2020 година.
Повеќе
05.11.2020
Средба на Министерката Шахпаска со претставници од Здружение за сексуални и родови малцинства “Субверзивен фронт”
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници од Здружението за сексуални и родови малцинства “Субверзивен фронт” од Скопје.
Повеќе
04.11.2020
Средба на заменик министерот Енвер Хусејин со коалицијата „Менуваме“
Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, денеска се сретна со претставниците на коалиција „Менуваме“.
Повеќе
04.11.2020
Средба на министерката Шахпаска со евроамбасадорот, Гир: Остануваме посветени на нашите стратешки цели, станавме членка на НАТО, цврсто чекориме на патот кон ЕУ
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир, на која се разговараше за тековните и идни планови и приоритети на Министерството за труд и социјална политика во рамки на своите надлежности, а во насока на усогласување со европското законодавство имајќи во предвид дека сме земја која наскоро треба да започне преговори со Европската Унија.
Повеќе
04.11.2020
Средба на Министерката Јагода Шахпаска со претставници од МАНУ и “Прајсвотерхаус Куперс”: Сите мерки кои ги засегаат граѓаните носат со себе голема одговорност, затоа научните потврдени сознанија се од исклучително значење
Mинистерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претставници од МАНУ и “Прајсвотерхаус Куперс” предводена од Академик Таки Фити.
Повеќе
04.11.2020
МТСП: Соопштение за корисници на семејна пензија
Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија и Министерството за образование, ги известува, а воедно и ги повикува сите ученици и студенти, корисници на семејна пензија, заклучно со 30 ноември 2020 година до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да достават соодветна потврда, со која ќе го докажат својот статус на ученик, односно студент, врз основа на која се продолжува исплатата на семејната пензија.
Повеќе
03.11.2020
Шахпаска: УНИЦЕФ е наш голем поддржувач и партнер во многу проекти во кои фокусот е заштита и унапредување на правата на децата
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција Ди Џовани, на која се разговараше за тековните и идни проекти и соработката помеѓу двете институции.
Повеќе
02.11.2020
Средба Шахпаска со Здружението „Трисомија 21“: Лицата со попреченост се дел од нашето општество, продолжуваме со заложбите за нивна поголема инклузија, разбивање на стереотипите и подигнување на јавната свест
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставничките на Здружението на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“, со кои разговараше за предизвиците со кои се соочуваат лицата со Даунов синдром и нивните семејства во секојдневното живеење, како и можностите и условите за нивна поголема интеграција во општеството.
Повеќе