Средба на министерката Шахпаска со новиот француски амбасадор Бомгартнер: Поддршката што Франција ни ја дава во градењето на еднакво општество е непроценлива, ќе ја продлабочиме соработката во делот на социјалната политика и трудот

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер.

Министерката Шахпаска му посака добредојде на амбасадорот Бомгартнер во земјава  и изрази надеж дека и во наредниот период ќе продолжи успешната соработка меѓу двете земји.

„Нам како држава ни е од исклучително значење поддршката што ја имаме од Франција во евроинтеграцискиот процес и во воспоставувањето на европските вредности. Франција ни дава значајна поддршка во процесот на градење демократско општество, во кое сите имаат еднакви можности за напредок и во кое нема дискриминација по ниту еден основ“, нагласи министерката Шахпаска.

Амбасадорот Бомгартнер истакна дека историските врски кои што постојат помеѓу Република Северна Македонија и Република Франција се пријателски, како на билатерален, така меѓу поединечни градови истакнувајќи го примерот со Битола.

“Вашата земја прави многу работи во однос на родовата еднаквост, особено во делот на надминување на одредени стереотипи, по што Република Северна Македонија е пример во регионот“, рече амбасадорот Бомгартнер.

Тој изрази надеж дека Република Северна Македонија ќе продолжи со реформите и покрај пречките што се појавија на нашиот евроинтеграциски пат и очекува дека пречките ќе бидат надминати.

Двајцата соговорници се согласија дека Република Северна Македонија добро се справува со здравствената и со економската криза предизвикана од пандемијата КОВИД-19 и најавија дека двете земји во наредниот период треба да работат на продлабочување на меѓусебната соработка во делот на трудот и социјалната политика. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }