Шахпаска: Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на правата и услугите за лицата со попреченост
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници од Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија.
![](content/слика 2 нац.корд..jpg)
На почетокот на средбата министерката Шахпаска истакна дека Министерството за труд и социјална политика продолжува со имплементацијата на социјалната реформа, унапредување на правата и развојот на социјални услуги за лица со попреченост, како и дека од Буџетот на Министерството за 2021 година најмногу средства се предвидени за социјалните трансфери.
„Денеска потпишавме 10 нови договори за грантови за развој на социјални услуги со општините, а до крајот на годинава имаме уште седум, тоа се вкупно 24 Договори за грант, услуги преку кои лицата со попреченост ќе добиваат помош и нега во својот дом, во своето место на живеење. Овој проект продолжува, односно општините кои не аплицирале оваа, можат да го направат следната година“, истакна министерката Шахпаска.
![](content/слика 5 нац.корд..jpg)
На средбата се разговараше и за процесот на деинституционализација, кој претставува еден од главните приоритети на Министерството за труд и социјална политика. Преместувањето на лицата со попреченост од гломазните институции во групни домови е процес кој продолжува.
Како мошне важна од страна на Националното координативно тело беше посочена и функционална проценка и поддршка на деца и млади каде што се применува нов модел на проценка на децата со попреченост-МКФ. Новиот модел овозможува анализа на потенцијалот на детето и што тоа може да постигне, но и кои се пречките во средината кои му создаваат бариери, да го постигне својот целосен потенцијал.