29.04.2021

Проектот „Онлајн сервисна служба“, обезбедува поддршка од далечина за децата и младите со попреченост

Поттикнати од пандемијата предизвикана од Ковид-19, Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, со поддршка од УНИЦЕФ и во соработка со Министерството за труд и социјална политика неделава отпочнаа да го пилотираат проектот Онлајн сервисна служба. Овој пилот-проект претставува надоврзување на платформата Онлајн сервисна служба, којашто веќе една година успешно функционира и дава поддршка од далечина на деца со попреченост од 2 до 15 години од целата држава.

Повеќе

29.04.2021

Економско-социјалниот совет одржа свечена седница по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот: „Зачувување на секое работно место и почитување на работничките права, затоа што сечиј труд е важен“

На свечената седница на Економско – социјалниот совет, а во духот на Меѓународниот ден на трудот, се обратија претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров и секретарот на Советот на Сојуз на синдикати на Македонија, Златко  Цветковски. Останатите членови на Eкономско-социјалниот совет и други присутни, беа вклучени онлајн преку Зум платформата. По завршување на свечената седница беше одржана и прес-конференција којашто граѓаните и медиумите можеа да ја следат во живо.

Повеќе

29.04.2021

Шахпаска за Алсат: Новиот закон за работни односи ќе гарантира сигурност за работниците, обезбедуваме продолжено породилно отсуство, прецизирање на договорите на определено време, но и регулирање на правата на сезонските работници 

Потребите и барањата на работниците се наш врвен приоритет и затоа континуирано, преку меѓусебен дијалог работиме на унапредување на прашањата кои се однесуваат на правата на работниците. За таа цел, заедно со нашите социјални партнери, синдикатите и репрезентативните и нерепрезентативните, работодавачите, како и експертите работиме на новото системско законско решение кое ќе ги регулира работните односи, најави Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика, во синоќешната емисија „Економски магазин“, за Алсат ТВ.

Повеќе

28.04.2021

Министерката Шахпаска по повод 28 април – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа: Инвестирањето во силни и прилагодливи системи за БЗР, кои ќе одговорат на евентуалните предизвици по здравјето и безбедноста на работните места е од суштинско значење

По повод одбележувањето на 28 април - Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Министерството за труд и социјална политика заедно со Советот за безбедност и здравје при работа, организираше онлајн настан насловен: „Да инвестираме сега во силни и флексибилни системи за БЗР“. На настанот учество земаа претставници од Советот за безбедност и здравје при работа, Меѓународната организација на трудот, Државниот инспекторат за труд, Сојузот на синдикати на Македонија, Организација на работодавачи и Институтот за имунологија хумана генетика.

Повеќе

27.04.2021

Шахпаска: Слепите лица за прв пат добиваат алатка - аудио читач, која им обезбедува поголема независност во секојдневниот живот

На иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, Програмата за развој на Обединетите нации, во партнерство со Националниот сојуз на слепи, започна процес на изработка на софтвер –  апликација која на слепите и лицата со оштетен вид ќе им овозможи пишаниот текст да го слушнат и разберат во аудио верзија. Дигиталната апликација – аудио читач ќе биде бесплатна и достапна за сите, доспапна на македонски и албански јазик и лесно применлива за сите возрасти.

Повеќе

23.04.2021

МТСП: Од понеделник почнува етапната исплата на априлските пензии

Oд понеделник 26.04.2021 година, почнува етапната исплата на априлските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Повеќе

22.04.2021

Шахпаска: Новата градинка во Драчево ќе обезбеди опфат на дополнителни 108 деца во предучилишно образование

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Киисела Вода, Филип Темелковски денеска направија увид во градежните активности на новиот објект при ЈОУДГ „8ми Март“, во населеното место Драчево, Општина Кисела Вода.

Повеќе

21.4.2021

Министерката Шахпаска учествуваше на онлајн Форумот за Западен Балкан: Дијалог на високо ниво за социо-економското влијание на пандемијата врз ранливите Роми во Западен Балкан и Турција

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска  учествуваше на онлајн Форумот за Западен Балкан: Дијалог на високо ниво за социо-економското влијание на пандемијата врз ранливите Роми во Западен Балкан и Турција, во ко-организација на Европската комисија, Светска банка, Совет на Европа  и УНДП и на која учество земаа претставници на овие институции и министри од земјите од Западен Балкан.

Повеќе

16.04.2021

Шахпаска на Форум на добри компании: Развојот  на социјалните претпријатија е потврда за градење на одговорна економија насочена кон луѓето, економија која ги става луѓето пред профитот

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска со свое обраќање го отвори годинешниот Форум на добри компании во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).

Повеќе

14.04.2021

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца, преку Договорот за грант за изградба на нови градинки

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи денеска потпишаа Договор за грант со кој се доделуваат финансиски средства за изградба на нова детска градинка во населеното место Матејче.

Повеќе

05.04.2021

Шахпаска во Студио 10: Протоколите во градинките строго се почитуваат, најголемиот пик беше во ноември, сега состојбата е стабилна

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на  денешното гостување во Студио 10, на ТВ 24 зборуваше за состојбата со КОВИД 19 во детските градинки, вакцинацијата на вработениете во нив, за новото законско решение, недела-неработен ден и  петтиот пакет економски мерки кој доци поради блокадата во Собранието.

Повеќе

05.04.2021

МТСП:  Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец март 2021 година.

Повеќе

03.4.2021 

Шахпаска во Топ Тема: И во време на светска пандемија имаме покачување на минималната плата, за три години имаме раст од 6.000 денари

Mинистерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во емисијата Топ Тема на ТВ Телма, зборуваше за најактуелните теми во овој момент во нашата држава, како порастот на минималната плата, законското решение недела-неработен ден и други прашања од кои се засегнати сите чинители во општеството.

Повеќе

02.04.2021

Премиерот Заев, министерката Шахпаска и градоначалникот Јованоски: После 40 години Прилеп добива нова модерна градинка според највисоките стандарди за зелени и енергетски ефикасни објекти

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и со градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, денеска го означија стартот на работите на нова градинка во Прилеп, во населбата „Точила“, како прв ваков објект после 40 години.

Повеќе

01.04.2021

Шахпаска: Новата градинка во Прдејци ќе згрижи 20 деца, таа е единаесетта нова градинка за седум месеци, за нас секое дете е важно

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на официјалното отворање на новиот објект „Развигорче“ при ЈОУДГ „Детска Радост“ во населеното место Прдејци, Општина Гевгелија.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }