26.10.2021
МТСП: Во тек е етапната исплата на октомвриските пензии
Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска 26.10.2021 год. (вторник) започна етапната исплата на октомвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Повеќе
21.10.2021
Шахпаска – Ди Џовани: Воспоставување на нов центар за деца со аутизам е врвен приоритет
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани денеска одржаа работна средба, на која се зборуваше за можна соработка во процесот на отворање на нов Дневен центар за деца со аутизам, за кој МТСП веќе обезбеди простор во Скопје.
Повеќе
15.10.2021
Шахпаска: Со надградба на градинката во Крива Паланка ќе бидат згрижени уште 102 дечиња
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска направи увид во изградбата на новиот кат на постојниот објект „Поточиња“ на градинката „Детелинка“, лоциран во центарот на Крива Паланка. Со надградбата на оваа градинка се зголемува капацитетот за згрижување на деца од предучилишна возраст за 102 нови места. Објектот кој е изграден во 1972 година добива уште пет нови занимални, од кои една е наменета за деца до двегодишна возраст, а останатите четири се за хетерогени групи од две до шестгодишна возраст. Објектот се изведува според најновите стандарди со што се овозможува заштита на животната средина, бидејќи со градежните зафати се предвидува и замена на застарениот систем за греење на дрва, со нов современ систем за греење на пелети.
Повеќе
14.10.2021
Шахпаска: Комплетно го ревидираме Правилникот за нормативи и стандарди за исхрана во градинките
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска одржа online состанок на кој се разговараше за унапредување и подобрување на исхраната на децата во градинките. На состанокот присуствуваа претставници на Данската администрација за ветеринарство и храна, претставници на Ново Нордиск, претставници на УНИЦЕФ и сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.
Повеќе
14.10.2021
Шахпаска: Со доградбата на градинката „Орце Николов“ во Карпош 3, обезбедуваме влез на нови 100 деца во системот на предучилишно образование
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, извршија увид на градежните активности на детската градинка „Орце Николов“ во населбата Карпош 3.
Повеќе
14.10.2021
Средба на министерката Шахпаска со ССНМ: Медиумските работници се наши партнери во унапредувањето на работничките права
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше работен појадок со претставници на Сојузот на синдикатите на новинарите на Македонија (ССНМ), на кој се разговараше за унапредување на работничките права на медиумските работници во земјава.
Повеќе
14.10.2021
Шахпаска на средба со пензионерите во Кочани: Работиме на нова методологија со која пензиите ќе се усогласуваат и со растот на просечната плата
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со членови на Здружението на пензионерите од Кочани, во кое членуваат и пензионерите од Чешиново-Облешево и Зрновци, кое важи за едно од поголемите здруженија бидејќи брои околу 8.000 пензионери.
Повеќе
13.10.2021
Шахпаска: Во новата инклузивна детска градинка во Кочани ќе бидат згрижени 112 дечиња
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска направи увид во новата инклузивна детска градинка во Кочани, клон на градинката „Павлина Велјанова“. Во шест групи, (две јаслени за деца до две годишна возраст и четири до шестгодишна возраст) ќе бидат згрижени 112 дечиња. Министерката Шахпаска посочи дека една од најзначајните придобивки од новата градинка е што таа нуди згрижување на дечиња со попреченост. Градинката која има приземје и кат, располага со лифт, со две кујни сместени на приземје и на кат, внатрешно детско игралиште со тобоган кој ги поврзува двете нивоа, како и други содржини (алпинизам, качувалки) кои на најмалите ќе им овозможат незаборавно и невообичаениот искуство од најрана возраст за корисниците на објектот. Детската градинка има и надворешна занимална, кој по потреба може да биде отворена или затворена зависно од временските услови.
Повеќе
09.10.2021
Шахпаска од „Текстилијадата“ во Штип: Со новиот Закон за работни односи до поголема заштита на работничките права
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на трибина на петтата „Текстилијада“, во Штип, во организација на граѓанското здружение Гласен текстилец. Во својата дискусија на тема „Институциите во интерес на работниците“ рече дека Владата и Министерството за труд и социјална политика навремено реагираат и помагаат во брзо решавање на проблемите на работниците особено на 42.000 вработени, претежно жени во текстилната индустрија.
Повеќе
08.10.2021
Шахпаска на Форум за поврзување во Тирана: Преку Младинската гаранција и другите младински политики ја намаливме невработеноста кај младите од 43,2 на 28,3 проценти
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се обрати на седмиот по ред Форум за поврзување, (Tirana Connectivity Forum), кој се одржува во Тирана, под мотото „Заедно градиме подобар Балкан“, а на кој се дискутираше за Економскиот и инвестициски план на Европската унија за земјите од Западен Балкан.
Повеќе
07.10.2021
Средба Шахпаска–Манастирлиу: Активацијата на пазарот на трудот и децентрализацијата на социјалните услуги се врвен приоритет и клучни за успешна социјална реформа
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, попладнево во Тирана, имаше средба со министерката за здравство и социјални прашања на Албанија, Огерта Манастирлиу, на која разговараа за можностите за продлабочување на соработката во делот на социјалните прашања.
Повеќе
07.10.2021
Министерката Шахпаска во работна посета во Тирана, Албанија
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска од денеска е во дводневна работна посета на Тирана, Албанија. Во рамките на посетата министерката Шахпаска ќе има билатерална средба со Огрета Манастирлиу, министерката за здравство и социјални прашања на Албанија.
Повеќе
06.10.2021
Шахпаска по повод Светската недела на детето: За нас секое дете е важно, продолжуваме да се залагаме за правилен раст и развој на најмладите
Во првата недела на месец октомври, кога се одбележува Светската недела на детето, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ги посети децата од Дневниот центар за деца во ризик во скопската населба Шуто Оризари. Посакувајќи среќно и безгрижно детство на сите дечиња Шахпаска рече дека грижата за најмладите, особено за децата кои доаѓаат од семејства во социјален ризик се високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика.
Повеќе
06.10.2021
Шахпаска: Целосно ќе ги ревидираме работните места со бенефициран стаж, конечно се решава децениски проблем
Денес министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, се сретна со градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова и со претставници од управата на Друштвото за трговија и услуги „Универсал“ ДООЕЛ Скопје.
Повеќе
06.10.2021
Шахпаска: Драчево добива нова модерна градинка за 110 дечиња, изградена според сите европски стандарди
Денеска се уверивме дека градежните работи на детската градинка при ЈОУДГ „8ми Март“ се завршени и наскоро, откако ќе ги мине пропишаните контроли и надзори ќе ги прими и првите деца, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, при увидот на објектот во скопската населба Драчево.
Повеќе
05.10.2021
Шахпаска: Со новата Стратегија ја подигнуваме свеста кај работниците и работодавачите и ги зајакнуваме капацитетите во областа на безбедноста и здравјето при работа
Министерството за труд и социјална политика денеска одржа јавна презентација и расправа за нацрт – текстовите на новата Стратегија за безбедност и здравје при работа 2021 – 2025 и новиот Акциски план за БЗР за периодот 2021-2023 година.
Повеќе
04.10.2021
Шахпаска: Село Ангелци ја добива првата градинка, достапна и за децата од околните села
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска го посети селото Ангелци, во општината Василево, за да направи увид на градржни работи на градинката во која ќе бидат згрижени 53 дечиња до шест годишна возраст. Освен децата од ова село во градинката која е дел од Јавната Установа „Прва радост“ ќе бидат згрижени и деца од најблиските рурални средини, Градашорци, Седларци, Едрениково и Вељуса кое иако не е под општината Василево е блиску, бидејќи инфраструктурно е добро поврзано. Според министерката Шахпаска новата градина е прва во ова населено место, а втора во општината Василево и е уште еден доказ дека вложувањето во раниот детски развој е нешто на коешто Владата и МТСП во соработка со општините посветено работат без разлика дали станува збор за градски или рурални средини. За една година отворени се 15 нови градинки, а до крајот на годинава треба да се отворат уште десет.
Повеќе
04.10.2021
МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2021 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 октомври 2021 година.
Повеќе
02.10.2021
Шахпаска: Малиот групен дом во Берово е успешна приказна за децата без родители и родителска грижа
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска беше во посета на малиот групен дом (МГД) во Берово, кој е прв од таков вид во нашата држава. Во моментов во него се згрижени четири деца, а за нив се грижи тим од 3 стручни лица (едукатори) и две негователки. Стручните профили на едукаторите се: специјален едукатор и рехабилитатор, социјален работник и одделенски наставник.
Повеќе
01.10.2021
Шахпаска: Услугата Помош и нега во домот на стари лица достапна и во руралните средини
На Меѓународниот ден на стари лица 1 Октомври, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ги посети Савета Алексова од с. Двориште и Параскева Страторска од с. Русиново, и двете кориснички на услугата Помош и нега во домот на стари лица.
Повеќе
01.10.2021
Шахпаска: Реди-рециклажа е за социјално претпријатие со кое ги штитиме ранливите категории на граѓани - собирачи на отпад
Денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на промоцијата на новото социјално претпријатие РЕДИ Рециклажа кое има за цел да ги заштитува социјално ранливите категории на граѓани-собирачи на отпад, формализирајќи ја нивната работа. Поради придобивките што ќе ги носат ваквите претпријатија Владата и Министерството за труд и социјална политика уште пред неколку години го започнаа проектот за техничка помош финансиран преку ИПА „Поттикнување на социјалното претприемништво“.
Повеќе