30.06.2021

Министерката Шахпаска на одбележувањето на 80 години од НОБ: Врз темелите на АСНОМ изградивме демократска држава со просперитетна европска иднина

„Благодарение на храбрите борци на Народноослободителната борба, водени од начелата за правда, одговорност, еднаквост, но пред се за слобода, денеска ја имаме Република Северна Македонија, како слободна и независна, современа европска држава“, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на отворањето на изложбата “По патот на нивната младост”, по повод 80 години од Народното востание и 73 години од основањето на Сојузот на борци на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија.

Повеќе

30.06.2021

Министерката Шахпаска: Да заокружиме НЕ за насилството врз жените во политиката, само ако сме единствени и обединети, нашата сила ќе биде незапирлива 

„Насилството врз жените не препознава политичка партија, религиска определба, етничка припадност, место на живеење, град или село. Затоа ова е прашање коешто ги обединува сите жени кои влегле во политика на кое било ниво: женски форуми, локални совети, политички партии, пратенички, министерки... Преку личното искуство одговорно тврдам дека секоја од нас барем еднаш во својата политичка кариера искусила некаков облик на насилство“, потенцираше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на одбележувањето на почетокот на кампањата за подигнување на јавната свест за елиминација на насилство врз жени во политиката, под слоганот „Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката“.

Повеќе

28.06.2021

Средба Шахпаска – Лучиќ: Образованието на Ромите е предуслов за целосна интеграција

Во рамките на Вториот министерски состанок за интеграција на Ромите на Западен Балкан, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска имаше билатерална средба со министерот за човекови права и бегалци на Босна и Херцеговина, Милош Лучиќ.

Повеќе

28.06.2021

Министерката Шахпаска се обрати на Министерски состанок за интеграција на Ромите во Сараево: Интеграцијата на Ромите е наша обврска, заедничката работа дава резултати во образованието, вработувањето и домувањето

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се обрати на Вториот Министерски состанок за интеграција на Ромите, што се одржа во Сараево, БиХ. 

Повеќе

28.06.2021

МТСП: Од утре започнува етапната исплата на јунските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре 29.06.2021 година, (вторник) започнува етапната исплата на јунските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Повеќе

27.06.2021

Министерката Шахпаска ќе присуствува на Вториот Министерски состанок за интеграција на Ромите во Сараево

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска попладнево отпатува за Сараево, БиХ, каде ќе учествува на Вториот Министерски состанок за интеграција на Ромите.

Повеќе

25.06.2021

Министерката Шахпаска: УНХЦР е наш поддржувач и партнер во политиките кои обезбедуваат поддршка на ранливите категории на лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставничката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации УНХЦР, Моника Сандри. Предизвиците со кои се соочуваат лицата кои немаат лични документи, бегалците и мигрантите беа тема на која што денеска разговараа двете страни.

Повеќе

25.6.2021

Министерката Шахпаска на Вин-Вин: Намалувањето на времетраењето  на договорите на определено време е дел од промените со новиот системски закон за работни односи

„Законското  решение во делот на  пензионирањето кое влезе во процедура уште од почетокот на октомври и треба само да се изгласа на пленарна седница претставува завршување на  Договорите за работа со 64 години возраст и 15 години стаж за жени и мажи. Притоа, жените согласно законот за пензиско и инвалидско осигурување можат на нивно барање да се пензионираат и на 62 години“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во емисијата Вин-Вин на Телевизија Телма.

Повеќе

24.06.2021

Министерката Шахпаска на средба со агенциите на ОН во земјава: Продолжуваме заеднички да креираме политики за градење на општество со еднакви можности и ресурси за сите граѓани

„Нашата држава има долгогодишна интензивна и плодна соработка со сите агенции на Обединети нации. Вие сте наши големи поддржувачи, партнери и соработници во креирањето и имплементацијата на политики и решенија кои имаат за цел градење на општество кое ќе им понуди на сите граѓани еднакви можности и пристап до ресурси, со посебен акцент на  ранливите категории на граѓани“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната средба со претставниците на Агенциите на Организацијата на Обединетите нации-UNRCO, OHCHR, UNDP, UNICEF, UNFPA и Светска банка. 

Повеќе

24.06.2021

Средба на Шахпаска - Паолучи: Продолжува соработката меѓу МТСП и Светска банка за унапредување на социјалната заштита, но и за градење на човечкиот капитал и зголемување на вработливоста на населението

Министерството за труд и социјална политика и Светска банка во Северна Македонија ќе продолжат интензивно да соработуваат во делот на унапредувањето на социјалната заштита, зголемување на вработливоста на ранливите групи граѓани, особено на жените, но и на градење на човечки капитал како суштествен елемент за напредок на едно општество. Ова беше заклучено на денешниот состанок на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со директорот на Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија, Масимилиано Паолучи.

Повеќе

24.06.2021

Соопштение за јавност

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.

Повеќе

21.06.2021

Министерката Шахпаска: Швајцарија е наш голем поддржувач и партнер, продолжуваме заедно со засилено темпо да работиме на полето на социјалната инклузија
 
„Швајцарија преку Амбасадата во Република Северна Македонија, силно ја поддржува нашата држава и учествува во значајни проекти за нашите граѓани. Во таа насока е и соработката во делот на социјалната инклузија, односно вклучување на ранливите категории на граѓани на пазарот на труд, преку процес на обуки и стекнување на вештини со цел невработените лица да станат поатрактивни за работодавачите. Меѓусебната соработка е особено значајна во процесот на социјална инклузија на лицата со попреченост“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната панел дискусијата организирана од страна на Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.

Повеќе

17.06.2021

Министерката Шахпаска на тркалезна маса „Ефектите од пандемијата врз лицата со попреченост“: Го олеснивме пристапот до права и услуги во време на пандемија, работиме на законски решенија за унапредување на правата на лицата со попреченост   

„Една од првите уредби донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија на почетокот на пандемијата беше ослободувањето од работа на лицата со попреченост и родителите кои се грижат за децата со попреченост. Со цел заштита од ширење на пандемија од Ковид -19, ги затворивме и Дневните центри за лица со попреченост“, рече министерката Шахпаска на тркалезната маса „Ефектите од пандемијата врз лицата со попреченост“, во организација на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Хелсиншкиот Комитет за човекови права.

Повеќе

16.06.2021

Министерката Шахпаска на ТВ Стар: За околу 92 проценти од работниците во државата недела ќе биде ден на неделен одмор

„Недела, ден на неделен одмор е предизборно ветување и вградено во Владината програма. Тоа претставува испорачување на баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот на работниците. Само за дејностите кои се неопходни за функционирање на државата ќе има исклучоци и тоа се четириесетина дејности. Оние работници кои ќе работат во недела ќе добиваат дневница за најмалку 50% додаток на редовната дневница и ден за неделен одмор во следните седум  дена“, посочи министерката Шахпаска во денешното гостување во емисијата „Што мисли Народот“ на Телевизија Стар.

Повеќе

16.06.2021

Министерката Шахпаска се сретна со заменик амбасадорот на Кралството Норвешка Јохансен и претставничката на УНДП Сакахјан: Социјалната реформа овозможува поголема заштита на ранливите категории на граѓани и нивно активирање на пазарот на трудот

„Социјалната реформа која ја донесовме во 2019 година, донесе бројни придобивки за граѓаните од ранливите категории. Во време на пандемија го олеснивме пристапот до Гарантирана минимална помош и образовен додаток. Но, целта не беше само нивни влез во системот на социјална заштита, туку нивно препознавање и активирање на пазарот на труд. Заедно со УНДП и Агенцијата за вработување на Северна Македонија креиравме и реализиравме програми и мерки за обуки, практиканство, доквалификации, преквалификации, самовработување со цел овие лица да излезат поконкурентни и поатрактивни на пазарот на труд“, рече министерката Шахпаска, на состанокот со заменик амбасадорот на Кралството Норвешка во Белград задолжен и за Северна Македонија, Гир Хакон Јохансен и Нарин Сакахјан и со постојаната претставничка на УНДП во земјава, што се одржа по денешното отворање на новиот дел од објектот на детската градинка „8 април“, во Шуто Оризари.

Повеќе

16.6.2021

Новата градинка „8 Април“ претставува современо место за безгрижно детство и едукација на најмладите од општина Шуто Оризари 


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска во Општина Шуто Оризари присуствуваше на отворање на новата градинка „8 Април“. Покрај премиерот Заев, на настанот присуствуваа и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, градоначалникот на општина Шуто Оризари  Курто Дудуш, претставничката на УНДП во земјата, Нарине Сахакјан и заменик амбасадорот на Кралството Норвешка во Белград,  Геир Хагон Јохансен.

Повеќе

14.06.2021

Министерката Шахпаска на Форум на политики за рурален развој: Преку политики и мерки ја менуваме улогата на руралната жена и придонесуваме за руралниот развој


„Наша заложба како Министерството за труд и социјална политика е преку креирање на законски решенија, како Законот за родова еднаквост, Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, да придонесеме жените подеднакво да учествуваат во креирањето и воспоставувањето на улогите во општеството“, подвлече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на регионалниот Форум на политики за рурален развој, во организација на Балканската мрежа за рурален развој, којшто  се одржа во Охрид.

Повеќе

11.06.2021

Средба на министерката Шахпаска со австрискиот амбасадор Вуцас: Северна Македонија и Австрија продолжуваат со тесната соработка во делот на социјалните услуги и пазарот на трудот

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со амбасадорот на Република Австрија во земјава, Георг Вуцас и австрискиот аташе за интернационални и билатерални односи и прашања од социјалната политика, Харалд Фугер. На состанокот беше врачен меморандум за разбирање помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и Сојузното Министерство за труд социјални прашања и заштита на потрошувачи на Република Австрија, со кој се потврдува натамошната соработка меѓу двете земји во делот на социјалата и трудот.

Повеќе

10.06.2021

Шахпаска: Потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството и еднаков пристап до ресурси е наша заложба на која посветено работиме

„Како Влада и како ресорно министерство особено ни е значајно унапредувањето на родова еднаквост во општеството. Во таа насока е и подготовката на новиот Закон за родова еднаквост, со кој обезбедуваме остварување на потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење“, посочи минисерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната средба со г-дин Џон Кенеди Мосоти, директор за Северна Македонија, Србија и Косово на УНФПА.

Повеќе

10.06.2021

Министерката Шахпаска на панел дискусија „Телесна автономија-основа на човековите права“: Унапредувањето на човековите права, вклучително и сексуалните и репродуктивните права на жените е наша заложба на која посветено работиме

„Од Самитот во Најроби до денес, како Влада на Република Северна Македонија направивме сериозни исчекори. Меѓу главните постигнувања би ја издвоила борбата против дискриминацијата. Парламентот го усвои Законот за заштита и спречување на дискриминација и тоа претставуваше победа на сите граѓани и на еднаквоста. Заложбата на Министерството за труд и социјална политика беше не само да се изготви закон усогласен со ЕУ директивите и меѓународните стандарди туку навистина да овозможува еднакви права за сите и ефикасна заштита од дискриминација“, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната панел дискусијата „Телесна автономија-основа на човековите права“, како осврт на исполнувањето на заложбите на  Владата на Република Северна Македонија којашто се обврза за телесната автономија преку една од нејзините клучни области, родовата еднаквост. Ова  обврзување беше потврдено преку усвојување на националните заложби на Самитот во Најроби во 2019 година.

Повеќе

10.06.2021

Шахпаска на конференцијата на МOТ во Женева: Владата ја задржа економската стабилност и спречи губење на работните места

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска преку видео-врска се обрати на 109-та сесија на Меѓународната конференција на трудот, што се одржа во Женева, на која ги сподели искуствата на Република Северна Македонија во справувањето со пандемијата Ковид-19 и последиците предизвикани од неа.

Повеќе

09.06.2021

Шахпаска: Целосна интеграција на Ромите е наш приоритет, вложуваме во зголемување на нивната вработливост и во социјалното домување

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со раководителот на канцеларијата за Интеграција на Роми 2020 при Советот за регионална соработка, Орхан Усеин и експертот за политики, Александра Бојаџиева при што беше нагласена потребата од продолжување на натамошната соработка, со оглед на тоа што интеграцијата на Ромите е приоритет за Владата на Република Северна Македонија.

Повеќе

08.06.2021

Премиерот Заев, министрите Шахпаска и Бектеши: Ја усвоивме недела–неработен ден, водејќи грижа за работничките и социјалните права на работниците, недела станува ден за неделен одмор

На денешната седница, Владата на Република Северна Македонија го утврди текстот на Предлог-законот за недела–ден на неделен одмор и утврдениот текст на овој Закон ќе биде испратен на усвојување до Собранието.

Повеќе

08.06.2021

Шахпаска: За над 92 проценти од вработените недела ќе биде ден за неделен одмор, оние што ќе работат добиваат за 50 до 100 отсто повисоки дневници и слободен ден

Недела-ден на неделен одмор станува реалност, обезбедивме ден за семејството, а оние што ќе работат добиваат за 50 до 100 отсто повисоки дневници и слободен ден, оцени министерката Јагода Шахпаска по одлуката на Владата да го усвои Предлог-законот за работни односи и да го достави во собраниска процедура, а неговата имплементација ќе почне од 1 октомври оваа година.

Повеќе

03.06.2021

Шахпаска: Неготино ќе добие нова детска градинка

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со градоначалникот на општина Неготино, Тони Делков, и директорката на ЈОУГД „Фемо Кулаков“ Неготино, Јана Митрева Коцева.

Повеќе

03.06.2021

Министерката Шахпаска на средба со претседателот ССМ Дарко Димовски: Ние сме сојузник на работниците, преку социјален дијалог креираме законски решенија кои нудат заштита и почитување на нивните права

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска одржа работна средба со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ), Дарко Димовски, на која присуствуваа и секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски, како и повеќе претседатели на гранкови синдикати.

Повеќе

03.06.2021

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец мај 2021 година.

Повеќе

02.06.2021

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерката Шахпаска и градоначалникот Марин денеска извршија увид во градежни работи на новата градинка во Oпштина Аеродром: Обезбедуваме подобри услови за престој на децата, за безгрижно и безбедно детство

Новиот објект е со површина од 1.700 м2 и е од исклучително значење во Општината Аеродром каде живеат многу млади семејства и кои имаат потреба од обезбедување згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. Доградениот дел од објектот е комплетен објект со сите неопходни содржини, кои ќе обезбедат услови за згрижување на децата.

Повеќе

02.06.2021

Шахпаска: Заштитата на правата на децата, борбата против дискриминацијата и насилството се наши врвни приоритети

„Заштитата на правата на децата, борбата против дискриминацијата и насилството се наши врвни приоритети и за таа цел Министерството за труд и социјална политика со сите свои капацитети ќе биде дел од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, особено во компонентата за Човекови права и алтернативни санкции“, нагласи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, на денешната работна средба со имплементаторите на проектот Мојца Кузмички и Дитер Шиндлауер.

Повеќе

01.06.2021

Министерката Шахпаска: Им честитам на згрижувачките семејства кои со многу љубов, топлина и поддршка се грижат за своите згрижени деца

„За едно дете расте среќно, задоволно, исполнето и за да напредува натаму во животот, неопходна му е поддршката која што ја добива во семејството. Поаѓајќи од мотивот „на секое дете му е потребно семејство“, како социјална држава, институционалното згрижување на децата го заменивме со други форми на згрижување во заедницата- згрижувачки семејства, како друг хуман облик на грижа за најмладите“, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по посетата на едно од згрижувачките семејства во Скопје, на Меѓународниот ден за згрижувачки семејства и Денот на заштита на детето.

Повеќе

01.06.2021

Министерката Шахпаска одржа предавање на Економскиот факултет: Подготовката на Законот за работните односи е пример како треба да функционира социјалниот дијалог

Унапредување на социјалниот дијалог, подготовка за Законот за работните односи на транспарентен начин со вклученост на сите засегнати страни, како и развојот на социјалното претприемништво, беа само дел од темите што министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ги отвори пред студентите на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, пред кои зборуваше за институциите и пазарот на трудот.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }