27.12.2021
Шахпаска: После 40 години, децата од Кавадарци добиваат нова, современа и инклузивна детска градинка, со капацитет од 142 места
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на официјалното отворање на новата градинка „Сонце“ при ЈОУДГ „Рада Поцева“ во Кавадарци. Градинката има услови да згрижи 142 деца од предучилишна возраст, распоредени во седум групи.
Повеќе
24.12.2021
Шахпаска: Со Стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 ќе овозможиме еднаква видливост на жените и мажите
Со Стратегијата за родова еднаквост 2021-2026 ќе се воспостави сеопфатна рамка на активности за унапредување на родовата еднаквост и статусот на жените, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на јавната дебата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Таа посочи дека целта на Стратегијата е да обезбеди потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење.
Повеќе
24.12.2021
МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за прв мерен период за учебната година 2021/2022 година
Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2021/2022 година.
Повеќе
24.12.2021
Шахпаска: Социо-емоционалниот развој кај децата е клучен за понатамошниот развој на личноста, секој влог во квалитетното предучилишно образование е влог во нашата иднина
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со заменик амбасадорката на Велика Британија во земјава, Џулија Смит, претставничката на УНИЦЕФ во државата, Патриција ди Џовани и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски присуствуваа на презентација на „Програмата за социјална кохезија и културен дијалог“, во детската градинка „Кочо Рацин“ во Скопје.
Повеќе
23.12.2021
Министерката Шахпаска им подари пакетчиња на дечињата од Малиот групен дом во Капиштец
Во пресрет на Новогодишните празници министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се дружеше со децата од Малиот групен дом во скопски Капиштец, кој функционира во рамките на Специјалниот Завод Демир Капија.
Повеќе
22.12.2021
Шахпаска: Со регулација на нестaндардните форми на вработување ќе создадеме нови работни места
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на работилница на тема „Валидација на нестандардни форми на вработувања во македонски контекст“, организирана од Меѓународната организација на трудот.
Повеќе
22.12.2021
Шахпаска за Канал 5: Недела ден на неделен одмор ќе генерира мотивирани и продуктивни работници и задоволни работодавачи
„Недела ден на неделен одмор е законско решение на кое заедно со социјалните партнери, претставници на работниците и на работодавачите, работевме цела година, за што беа оддржани и пет седници на Економско социјалниот совет. Низ инклузивен и транспарентен процес, донесовме најодржливо решение кое ќе стапи на сила од 1 јануари“, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.
Повеќе
21.12.2021
Шахпаска за Утрински брифинг: Оваа година МТСП имаше висока реализација на капиталните инвестиции, за наредната година обезбедивме двојно повеќе
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпска во интервју за Утрински брифинг посочи дека најмногу пари од буџетот на МТСП за наредната година ќе се потрошат за социјални бенефиции, пред се за ранливите категории на граѓани.
Повеќе
21.12.2021
Шахпаска за Утрински брифинг: Со Законот за недела неработен ден ги унапредуваме правата на работниците
Министерката за труд и социјална политика во денешното интервју за Утрински брифинг оцени дека со новото законско решение кое предвидува недела да биде ден за неделен одмор се унапредуваат работничките права, што е предуслов за мотивиран работник.
Повеќе
10.12.2021
Шахпаска: Вклучувањето на општините во интеграцијата на Ромите на локално ниво е клучно во решавањето на предизвиците со кои се соочуваат
„Денес е Меѓународниот ден за човековите права. Се радувам што со оваа денешната конференција ја испраќаме пораката за еднаквост во правата, слободата и пристапот до ресурси на сите граѓани, вклучително и Ромите“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на конференцијата „Промовирање на добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“. Конференцијата е организирана од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје и тимот на Роми и патници од Стразбур, во тесна координација со Министерството за труд и социјална политика и Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.
Повеќе
09.12.2021
Средба Шахпаска-Танги: Со социјалната реформа градиме социјална заштита според европски стандарди, за Северна Македонија е многу значајно искуството на Франција на ова поле
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со пратеничката и заменик претседателка на Комисијата за европски прашања во Националното Собрание на Франција, Лилиана Танги и францускиот амбасадор Сирил Бoмгартнер.
Повеќе
09.12.2021
Шахпаска: Само со системски и заеднички пристап ќе ставиме крај на молкот и ќе се избориме со насилството врз жените и семејното насилство
„Во едно општество ќе имаме успешна приказна за справување со насилството врз жените и девојчињата и родовото базирано насилство само доколку сите алки од синџирот на координираната борба против насилството, подеднакво го даваат својот придонес“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната панел-дискусија „Истанбулската конвенција и новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените – што ќе се промени во пристапот за спечување и заштита од насилство врз жените?“, во организација на канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации –УНФПА во соработка со Британската амбасада.
Повеќе
07.12.2021
Министерката Шахпаска на состанок со Мисијата на ММФ: Ги вклучуваме младите на пазарот на трудот и системски ги намалуваме невработеноста и неформалната економија
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска попладнево имаше онлајн состанок со Мисијата на Меѓународниот Монетарен Фонд, предводена од Бергљот Бјорнсон Баркбу, на кој меѓудругото, се разговараше за заздравувањето на економијата после пандемијата Ковид – 19, вработеноста на младите, формализирањето на неформалната економија, како и движењето на работната сила на долг рок.
Повеќе
07.12.2021
Шахпаска: Донацијата од НР Кина ќе овозможи воспоставување на нови социјални услуги за лицата со попреченост во Берово
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со сопругата на претседателот на Република Северна Македонија Елизабета Ѓоргиевска и амбасадорот на НР Кина, Жанг Зуо, денеска го посетија Дневниот центар за лица со попреченост во Берово, кој ќе биде реконструиран и дополнително опремен со донација на НР Кина.
Повеќе
06.12.2021
Шахпаска: Аудио-читачот „Хана“, достапен за слепите лица кои говорат албански јазик, е потврда на концептот „Едно општество за сите“
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска заедно со првиот заменик претседател на Владата Артан Груби денеска го промовираа аудио-читачот на албански јазик наречен „Хана“, кој на слепите лица и лицата со оштетен вид ќе им овозможи пишаниот текст да го слушнат и разберат во аудио верзија. На промоцијата, која се одржа само неколку месеци по промоцијата на аудио читачот на македонски јазик – Кико, присуствуваа и заменик министерка за здравство и социјална заштита на Република Албанија Денада Сефери, како и Сања Бојаниќ, заменичка постојана претставничка на УНДП, со чоја помош МТСП ја воспостави оваа апликација.
Повеќе
06.12.2021
Проштална средба Шахпаска – Томан: Имаме успешна меѓусебна соработка, поддршката од Република Чешка е значајна за нашиот евроинтеграциски процес
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари проштална средба со досегашниот амбасадор на Република Чешка во Република Северна Македонија, Мирослав Томан, кому на крајот на годинава му завршува мандатот. Двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка меѓу двете земји и изразија подготвеност во наредниот период таа да се интензивира уште повеќе, особено во делот на евроинтеграцискиот процес.
Повеќе
06.12.2021
Заменик министерот Хусејин на работна средба со претставници на стопански комори од Турција
На 6.12.2021 година, заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин оствари работна средба со претставници на стопански комори од различни градови од Турција.
Повеќе
03.12.2021
Шахпаска: Малиот групен дом во скопски Капиштец е пример за вистинска грижа за децата со попреченост
„Трети декември го одбележуваме како Меѓународен ден на лицата со попреченост, но инклузијата на овие лица во општеството е процес кој трае 365 дена во годината. Тие се дел од нашето секојдневно живеење, наши пријатели и роднини“, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, при посетата на малиот групен дом за лица со попреченост кој се наоѓа во скопската населба Капиштец.
Повеќе
03.12.2021
Шахпаска: Го одбележуваме Меѓународниот ден на лицата со попреченост, но нивната инклузија во општеството е наше секојдневие
„Сите заедно треба да ја зголемиме свеста и да ја разбереме различноста на лицата со попреченост, бидејќи секој човек е подеднакво важен“. Ова е пораката на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Повеќе
02.12.2021
Шахпаска: Со политики за инклузија на лицата со попреченост создаваме општество во кое различностите се почитуваат и вреднуваат
Преку сеопфатни политики и мултинституционален пристап градиме инклузивно општество во кое лицата со попреченост ќе имаа еднаков пристап за напредок и развој. Создаваме услови за нивна целосна инклузија во областа на образованието, здравството, локалните услуги, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, во денешното обраќање на меѓународната конференција за демографска отпорност што се одржува во Софија, Република Бугарија, во организација на УНФПА и Владата на Република Бугарија.
Повеќе
02.12.2021
МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2021 година.
Повеќе
01.12.2021
Средба Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји, значајно е да ги споделуваме искуствата и да учиме од нив
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше работна средба со вице-премиерот за економски и социјални политики и министер за труд и социјална политика во Република Бугарија Галаб Донев.
Повеќе
01.12.2021
Средба Шахпаска - Канем: Северна Македонија е лидер во регионот во унапредувањето на човековите права, родовата еднаквост и борбата против родово базираното насилство
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска имаше средба со извршната директорка на УНФПА Наталија Канем, како и со Алана Армитаж, директорка на регионалната канцеларија на УНФПА за источна Европа и централна Азија.
Повеќе