Шахпаска: Социо-емоционалниот развој кај децата е клучен за понатамошниот развој на личноста, секој влог во квалитетното предучилишно образование е влог во нашата иднина
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со заменик амбасадорката на Велика Британија во земјава, Џулија Смит, претставничката на УНИЦЕФ во државата, Патриција ди Џовани и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски присуствуваа на презентација на „Програмата за социјална кохезија и културен дијалог“, во детската градинка „Кочо Рацин“ во Скопје.
![](content/images/2021/koco_racin/slika 1 gradinka.JPG)
Препознавајќи ја важноста на раното учење и развој, Министерството за труд и социјална политика започна реформа на секторот за ран детски развој со цел да се зголеми пристапот и подобри квалитетот на предучилишното образование во земјата. Во соработка со УНИЦЕФ и Британската влада се овозможи поддршка за воспитувачите во предучилишните установи и социо-емоционалното учење.
![](content/images/2021/koco_racin/slika 4 gradinka.JPG)
„Социо-емоционалниот развој на почетокот на животот е од клучно значење за целокупниот понатамошен развој на личноста и има огромно влијание за квалитетот на живот на секоја индивидуа. Како ресорно министерство во континуитет работиме на зајакнување на компетенциите на воспитниот кадар во градинките и подигнување на квалитетот на предучилишното образование“, рече министерката Шахпаска.
![](content/images/2021/koco_racin/slika 2 gradinka.JPG)
Менторската поддршка од страна на воспитувачите за колегијална поддршка кон останатиот воспитен кадар има големо значење. Таа им помага на останатите воспитувачи во совладувањето на социо-емоционални стратегии базирани на истражувања кои имаат за цел да ги задоволат специфичните развојни потреби на малите деца.Програмата вклучува и развој на професионални компетенции кај воспитувачите, во соработка со професори од сите наставнички факултети. Преку интезивни 4-месечни процеси на предавања, средби и колегијална поддршка, вклучени беа 71 градинка, 192 активни воспитувачки за колегијална поддршка,1366 воспитувачки, 102 претставници на стручната служба и 47 директори.
На презентацијата покрај воспитниот и стручен кадар од градинката присуствуваа и родители и деца, со цел на интерактивен начин им се приближат неопходните алатки за социо-емоционален развој на децата. Бидејќи програмата предвидува и вклучување на семејствата во целиот процес со што децата ќе продолжат наученото во градинка да го практикуваат и дома.