Економско-социјалниот совет дискутираше за концептот на петиот пакет економски мерки

Економско-социјалниот совет на денешната седница, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, а учествуваа вицепремиерот Фатмир Битиќи и претставници на социјалните партнери, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи беше разгледан концептот на петиот пакет економски мерки како помош и поддршка на стопанството и граѓаните.

На денешната седница на Економско-социјалниот совет, преку широка дискусија неговите членови имаа можност да дадат предлози, сугестии и мислења, кои би се разгледале од страна на Владата со цел поефективна распределба на помошта од државата кон оние на кои им е најпотребна .

Петтиот пакет економски мерки е насочен кон граѓаните, кон работниците односно стопанството и кон сиромашните. Угостителството, транспортот, туризмот, тутунарите, медиумите се во фокусот на петиот пакет мерки, како директно најпогодени гранки, на кои помошта им е неопходна.

Целта е да се креира пакет мерки кои што ќе дадат најдобри резултати во насока на заздравување на економијата со цел полесно пребродување на периодот на криза.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }