МТСП учествуваше во подготовка на Препораката на Советот на Европа за почитување на човековите права во време на криза, со посебен фокус на ранливите групи  

Постојаниот комитет за борба против дискриминација, разновидност и инклузија (Steering Committee on Anti-Discrimination, Diversity and Inclusion (CDADI)  кој беше формиран од Комитетот на министри на Советот на Европа во 2019 година денеска усвои „Препорака на Комитетот на министри на Советот на Европа за почитување на еднаквоста и заштита од дискриминација и омраза за време на Ковид-19 и слични кризи во иднина”, која се очекува да биде усвоена и од Комитетот на министрите на седницата што ќе се одржи во мај, оваа година.

Со оваа препорака се утврдуваат мерките кои треба да бидат обезбедени од земјите членки за време на криза, а кои се однесуваат на почитување и заштита на човековите права, еднаквост и недискриминација посебно за ранливите групи.

Целта на препораката е да се охрабрат земјите-членки да усвојат, за време на криза, специфични мерки за одржување на еднаквоста и заштита на лицата кои припаѓаат на ранливи групи од дискриминација и омраза и да ги исполнат своите позитивни обврски што произлегуваат од Европската конвенција за човекови права и други меѓународни обврски.

Препораката ја опфаќа и заштитата и пристапот до услуги и придобивки, со кои секоја земја треба да осигура дека ранливите групи се заштитени и имаат пристап до услуги во време на криза. Согласно Препораката земјите-членки треба да преземат ефективни мерки за да обезбедат дека лицата кои припаѓаат на ранливите групи имаат еднаков и ефикасен пристап до здравствена заштита, образование, вработување и заштита на работните места, социјална заштита, заштита од семејно и родово базирано насилство, ефективен пристап до правда. Овие услуги треба да им бидат пристапни дури и кога не се во можност да користат дигитални средства за да аплицираат за нив.

Министерството за труд и социјална политика учествуваше директно преку свој претставник Ѓултен Мустафова, раководител на Секторот за еднакви можности во подготовката на овој важен меѓународен инструмент, кој ќе биде поддршка на сите земји членки на Советот на Европа во почитување на човековите права за време на криза и слични состојби.

Главен приоритет на Владата на РСМ и на МТСП е почитување на човековите права и унапредување и овозможување на ефективна имплементација на законите и други стратешки документи во согласност со меѓународните стандарди.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }