30.06.2021

Министерката Шахпаска: Да заокружиме НЕ за насилството врз жените во политиката, само ако сме единствени и обединети, нашата сила ќе биде незапирлива

„Насилството врз жените не препознава политичка партија, религиска определба, етничка припадност, место на живеење, град или село. Затоа ова е прашање коешто ги обединува сите жени кои влегле во политика на кое било ниво: женски форуми, локални совети, политички партии, пратенички, министерки... Преку личното искуство одговорно тврдам дека секоја од нас барем еднаш во својата политичка кариера искусила некаков облик на насилство“, потенцираше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на одбележувањето на почетокот на кампањата за подигнување на јавната свест за елиминација на насилство врз жени во политиката, под слоганот „Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката“.

Кампањата е дел од проектот WoMen Lead: Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените, имплементиран од Националниот демократски институт (НДИ), а финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна поддршка (Сида).

„И тие што сме во политиката треба да ја искористиме својата позиција и да бидеме гласни, да бидеме храбри, упорни и работите да ги кажуваме без ракавици, со вистинското име. Треба да се спротивставиме на секој обид насилство како да ни се случува на нас. Треба да бидеме солидарни и заеднички да ги осудуваме насилниците. Само ако сме единствени и обединети, независно од политичката партија од која доаѓаме, нашата сила ќе биде незапирлива. Ќе ги руши сите стереотипи и ќе го движи општеството напред“,пораќа министерката Шахпаска.

Таа ги посочи и двата закони на Министерството за труд и социјална политика кои неодамна влегоа во сила, Законот за превенција и заштита од дискриминација и Законот за заштита од насилство врз жените и семејно насилство, како закони зад кои застанаа и власта и опозицијата. Но, пред се жените од сите политички партии.

„Работиме на уште едно многу значајно законско решение, а тоа е Законот за родова еднаквост. Законот треба да создаде услови за еднакви можности, еднаков пристап до ресурси, еднакво учество на мажите и жените, во приватниот, јавниот, но и во политичкиот живот“, рече министерката Шахпаска.

Министерката истакна дека насилството не смее да биде ничиј избор, затоа што насилството не може да донесе ништо добро за никого, па ни за политичкиот напредок на нашата држава.

„Се наоѓаме во период пред локални избори, пред изборна кампања, кога насилство врз жените во политичките партии, според последните истражувања, е највисоко. Дури 47%. Без разлика која жена ќе ја предложиме, без разлика за која жена ќе гласаме, сите да заокружиме НЕ за насилството врз жените во политиката“, порача Шахпаска.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }