24.06.2021

Министерката Шахпаска на средба со агенциите на ОН во земјава: Продолжуваме заеднички да креираме политики за градење на општество со еднакви можности и ресурси за сите граѓани

„Нашата држава има долгогодишна интензивна и плодна соработка со сите агенции на Обединети нации. Вие сте наши големи поддржувачи, партнери и соработници во креирањето  и имплементацијата на политики и решенија кои имаат за цел градење на општество кое ќе им понуди на сите граѓани еднакви можности и пристап до ресурси, со посебен акцент на  ранливите категории на граѓани“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната средба со претставниците на Агенциите на Организацијата на Обединетите нации-UNRCO, OHCHR, UNDP, UNICEF, UNFPA и Светска банка.

Министерката Шахпаска заедно со тимот од Министерството за труд и социјална политика ги презентираше приоритетите на кои нејзиниот ресор ќе работи наредниот период и нагласи дека од исклучително значење ќе биде стручната експертиза и поддршката што ООН во континуитет ја дава. 

Постојаната координаторка на ООН во земјава, Росана Дуџак, нагласи дека Министерството за труд и социјална политика повеќе од две децении е еден од главните партнери на специјализираните агенции на ОН. Тоа го потврдува и фактот дека 11 од 18 агенции на ООН имаат директна соработка со Министерството.Таа соработка, нагласи Дуџак, ќе продолжи и ја поздрави иницијативата на министерката Шахпаски преку директна координација со ООН да се следи имплементацијата на актуелните проекти, но и да се договара идната соработка.

Министерката Шахпаска нагласи дека целосната инклузија на лицата со попреченост, социјалните услуги, родовата еднаквост, поттикнување и поддршка на вработувањето на најтешките вработливите лица, зголемување на опфатот на деца во предучилишно воспитание и образование се областите на кои агенциите на Обединетите нации продолжуваат да ги поддржувааат политиките на Министерството за труд и социјална политика.

Министерката Шахпаска информираше дека ваквите координативни средби ќе станат редовна пракса за унапредување на јавните политики во социјалата и трудот во нашата земја.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }