21.06.2021

Министерката Шахпаска: Швајцарија е наш голем поддржувач и партнер, продолжуваме заедно со засилено темпо да работиме на полето на социјалната инклузија
 
„Швајцарија преку Амбасадата во Република Северна Македонија, силно ја поддржува нашата држава и учествува во значајни проекти за нашите граѓани. Во таа насока е и соработката во делот на социјалната инклузија, односно вклучување на ранливите категории на граѓани на пазарот на труд, преку процес на обуки и стекнување на вештини со цел невработените лица да станат поатрактивни за работодавачите. Меѓусебната соработка е особено значајна во процесот на социјална инклузија на лицата со попреченост“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната панел дискусијата организирана од страна на Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.

Одбележување на почетокот на новата Швајцарска програма за соработка 2021-2024 година, беше поводот за денешниот настан, на кој што Швајцарија ја потврди натамошната поддршка за Северна Македонија.

Министерката Шахпаска во делот на соработката со Амбасадата на Швајцарија во земјава, го посочи воспоставувањето на РЕХА центрите во државата, преку кои лицата со попреченост се стекнуваат со одредени вештини и нивно вклучување на пазарот на труд, Ресурниот центар за млади во Гостивар „I can”, каде што се воспоставува партнерски однос меѓу претставниците на централната и на локалната власт, локалните невладини организации и приватните компании, со цел да се обезбеди поголема инклузивност на лицата со попреченост и на младите на пазарот на труд.

Преку двете панел дискусии претставници од Владата на Република Северна Македонија, Амбасадта на Швајцарија, како и претставници од граѓанскиот сектор и приватниот сектор разменија аргументи за како новата швајцарска Програма за соработка може да ги поддржи реформските приоритети за eвропската и домашна агенда на Северна Македонија, како и во дефинирање клучни приоритети за остварување на одржлив економски развој во пост-Ковид светот.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }