10.05.2021

Шахпаска: Многу е значајно сите да пристапиме кон процесот на вакцинација, за што побрзо да излеземе од пандемијата и се вратиме на нашите секојдневни обврски 

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ ја прими првата доза на вакцина за заштита од коронавирусот. Таа во изјава за медиумите посочи дека граѓанска должност е сите да пристапиме кон процесот на вакцинација, за што побрзо да излеземе од пандемијата и се вратиме на нашите секојдневни обврски.

„Штотуку ја примив првата вакцина против Ковид-19. Наша граѓанска должност е сите како граѓани да пристапиме кон процесот на вакцинирање. На тој начин секој од нас стекнува специфичен имунитет против коронавирусот.  Доколку голем број на граѓани, доколку сите ние се вакцинираме, тогаш и колективниот имунитет ќе биде поголем,“ изјави Шахпаска.

Таа посочи дека сите вакцини се проверени и квалитетни и ги повика граѓаните да се вакцинираат.

„Ме радува фактот што голем број од граѓаните веќе се пријавиле за вакцинација, и ние како Влада со динамиката со која се одвива процесот на вакцинирање очекуваме дека до почетокот на лето што поголем број на граѓани ќе бидат вакцинирани, и на тој начин ќе се стекнува колективниот имунитет,“ рече Шахпаска.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }