18.03.2021

Економско-социјалниот совет ја одржа десеттата седница

Економско социјалниот совет со кој претседава министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната десетта седница дебатираше за неколку точки.

На седницата беше отворено прашањето за усогласувањето на висината на минималната плата согласно Законот за минимална плата, при што беа презентирани податоците врз основа на кои кои се врши усогласување на минималната плата. Членовите на ЕСС се согласија дебатата по оваа точка да продолжи следната седница.

На денешната седница се разгледа и Годишен извештај за работењето на Економско-социјалниот совет 2020 година, каде што беа наведени предизвиците за функционирањето на ЕСС  и препораките за негово натамошно подобрување.

Како точка на дневен ред на оваа седница беше и Имплементацијата на работниот план за преглед на занимања 2018/2021 година, согласно кој се изготвени вкупно 60 занимања и истите се објавени на веб порталот zanimanja.mk, како и планот за бројот на занимања кои ќе се изготват до крајот на 2021 година.

Членовите на ЕСС постигнаа согласност по однос на предлогот за Ратификација на Конвенција 190 на Меѓународната организација на трудот-МОТ.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }