19.03.2021

Шахпаска: Градинката „Детелинка“ во Ѓорче Петров го проширува капацитетот за дополнителни 90 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, денеска извршија увид во градежните активности на ЈОУДГ „Росица“, објект „Детелинка“, со цел нејзино проширување.

 

Министерката Шахпаска истакна дека со доградбата на дополнителни три занимални опфатот на деца во градинката Детелинка, се зголемува за 90. Воедно посочи дека ова говори за партнерскиот однос на централната и локалната власт, кои заеднички и посветено работат во насока на интересите на сите граѓани.

„Раниот детски развој, дружењето, учењето преку игра, психо-социјалниот развој на децата, претставуваат предуслов за нивна подготовка за понатамошното нивно образование. Како ресорно министрство продолжуваме со градење на нови градинки, со проширување на постоечките капацитети, со исполнување на крајната цел до 2024 година вкупниот број на деца сместени во детските градинки достигне 7500“, истакна Шахпаска.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Наумоски потенцираше дека градежната офанзива и во време на пандемија продолжува со засилен интензитет  на капитални проекти.

„За изградба на занималните на  објектот „Детелинка“ издвоени се 14 милиони денари. 11 милиони од Министерството за труд и социјала политика и 3 милиони општински средства. Градежните работи треба да финишираат за 4 месеци, по што ќе следи опремување на занималните,“истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Министерката Шахпаска информираше дека доградбата на детската градинка „Детелинка“ не е единственото проширување на капацитетите за најмалите во општина Ѓорче Петров. Со средства од МТСП, населеното место Волково ја добива најсовремената детска градинка во земјава. Таа ќе биде целосно енергетски ефикасна, со модерен систем на греење и капацитет од 175 деца поделени во осум занимални.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }