01.03.2021
Средба на министерката Шахпаска со италијанскиот амбасадор Силвестри: Северна Македонија има силна поддршка од Р. Италија во борбата за заштита на човековите права, антидискриминацијата и заштита од насилство
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпака денеска се сретна со Н.Е. Андреа Силвестри, амбасадорот на Република Италија во нашата држава.
![](content/средба итал амб 3.jpg)
Министерката ја истакна блиската соработка со Република Италија, пријателските односи помеѓу двете земји и поддршката која ја добива нашата држава на евроинтегративниот пат.
Притоа, таа се осврна на изминатиот период и соочувањето со предизвиците кои ги донесе пандемијата, како и политиките и мерките кои ги донесе Владата на РСМ, со цел полесно премостување на кризниот период, преку помош и поддршка на компаниите, стопaнството и граѓаните. Таа посочи дека Министерството за труд и социјална политика, како ресорно министерство кое се грижи за најранливите категории на граѓани, овој период донесе ефективни мерки со цел помош на оние кои им е непоходна, ранливите категории на граѓани.
![](content/средба итал амб 2.jpg)
Амбасадорот Силвестри ги поздрави законските решенија кои Министерството за труд и социјална политика ги донесе изминатиов период, а се однесуваат на заштита на човековите права, антидискриминацијата, заштитата на жените од насилство и семјното насилство и ги посочи како мошне значајни за граѓаните на нашата држава.
„Законот за заштита и спречување од дискриминација кој беше донесен уште првиот месец од мандатот на оваа Влада има големо значење во смисла на заштита и спречување од секаков вид на дискриминација, пол, расна и етничка припадност или убедување. За прв пат како дискриминаторски основи ги вклучивме и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, како дел од основните човекови права и слободи. Особено значајна е и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која претставува професионално и независно тело, избрана на транспарентен начин“, истакна министерката Шахпаска.
![](content/средба итал амб. 4.jpg)
На средбата се разговараше и за Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, решение кое е пример за демократија и за кое гласаа и опозицијата и власта заедно. Законско решение на чија импплементација се работи во моментов.
Соговорниците разговараа и за Законот за работни односи, промените кои треба да се направат согласно новите потреби кои ги налага современото општество и унапредување на работничките права.
Двете страни изразија уверување за понатамошна продлабочена соработка во полето на надлежностите на Министерството за труд и социјална политика.