30.09.2021

Хусејин: Миграциските токови бараат сеопфатен пристап во однос на креирањето на политики во миграцискиот дискурс

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин го отвори вториот Управувачки одбор за проектот ,,Институционална поддршка за зајакнување на миграцискиот дискурс, политика и планирање базирано на факти и релевантни податоци“. Овој проект е финансиран од Глобалниот мултипартнерски фонд за миграции, а спроведен од ИОМ, УНХЦР и УНФПА. 

На самиот почеток, заменик министерот Хусејин изрази благодарност за континуираната помош и поддршка од страна на Канцеларијата на Обединетите Нации во Република Северна Македонија и сите меѓународни организации во нејзин состав преку спроведувањето на проекти кои се од големо значење за реформските процеси кои се спроведуваат во Републиката, а се со цел-градење на демократско општество.         

“Миграциските токови кои се детерминирани од различни социо-економски, а во последно време, се почесто и од климатски причини, бараат еден сеопфатен пристап во однос на креирањето на политики во миграцискиот дискурс”, потенцираше заменик министерот Хусејин.  

Во продолжение, заменик министерот за труд и социјална политика се осврна на главните предизвици кои што се идентификувани во националните стратешки документи, вклучително и во Резолуцијата за миграциската политика. Во овој контект, Хусејин истакна дека собирањето на податоци за миграцијата е од суштинско значење за изготвување на извештаи со точни информации и обезбедување на клучни информации за креирање на соодветни политики и планирање.Кандидатурата на земјата кон пристапување на ЕУ ја наметнува потребата од усогласување со релевантните стандарди на ЕУ, вклучително и регулативата на ЕУ 862/2007 за статистика на миграцијата на заедницата и меѓународна заштита, за што е потребно точна статистика и размена на податоци помеѓу институциите на национално ниво за понатамошна соработка со институциите на ЕУ и земјите-членки.                         

“И конечно точната статистика и сигурните податоци за миграцијата, ќе допринесат кон зајакнување на јавниот информативен дискурс, како и подигањето на свеста со цел перцепцијата на јавноста за мигрантите и бегалците да се заснова на факти и да се зголеми борбата против лажните наративи”, акцентираше заменик министерот Хусејин.

Во рамките на проектот ,,Институционална поддршка за зајакнување на миграцискиот дискурс, политика и планирање базирано на факти и релевантни податоци“, активностите се конципирани кон решавање на предизвиците кои ги посочи заменик министерот Хусејин.

Според заменик министерот за труд и социјална политика, ваквото концептирање на активностите во рамките на проектот ќе допринесе кон креирање на политики во миграциониот дискурс засновани на компаративни анализи, докази и податоци, да се води кохеретно креирање на политики засновани врз докази и да се допринесе за добро информирана јавност во Република Северна Македонија. 

Министерството за труд и социјална политика ќе ги превеземе сите неопходни активности со цел успешна имплементација на овој исклучително значаен проект и ќе работи на понатамошно зајакнување на меѓу институционалната соработка помеѓу сите засегнати чинители. 

На состанокот, покрај заменик министерот за труд и социјална политика обраќање имаше и постојаниот претставник на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџиак. Во работниот дел каде што беа презентирани постигнувањата во рамките на проектот “Институционална поддршка за зајакнување на миграцискиот дискурс, политика и планирање базирано на факти и релевантни податоци“ со свои излагања, презентации и дискусија учествуваат претставници на ИОМ, УНФПА, УНХЦР, како и претставници oд Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }